Црква „Живоносен Извор“ - Старчишта

Од Википедија — слободната енциклопедија
Живоносен Извор
Ζωοδόχος Πηγή Περιθωρίου
МестоСтарчишта, Драмско
ЗемјаЕгејска Македонија, Грција
ВероисповедЦариградска патријаршија
Архитектура
Архит. типтрикорабна базилика
Завршена24 април 1876
Управа
ЕпархијаЗихненско-неврокопска

Пресвета Богородица Живоносен Извор (грчки: Ζωοδόχος Πηγή Περιθωρίου) — црква во селото Старчишта, Драмско, Егејска Македонија. Влегува во состав на Зихненско-неврокопската епархија на Цариградската патријаршија.[1]

Црквата е завршена на 24 април 1876 г. според плоча на ѕидот. Претставува трикорабна базилика типична за XIX век.[2] Тремот на западната страна, образуван од колонада, подоцна е затворен.[1] Иконостасните икони се дело на Стерјо Зограф (Серги Георгиев) од Неврокоп и се датирани 1859, 1865 и 1877.[1] На крајот на XIX - почетокот на XX век „Живоносен Извор“ била програчката (патријаршиска) црква во селото, а „Св. Никола“ била во рацете на Бугарската егзархија.

Поврзано[уреди | уреди извор]

Наводи[уреди | уреди извор]

  1. 1,0 1,1 1,2 „Ιστορία Πλεύνας-Πετρούσας. Η Παλαιά Εκκλησία Πλεύνας και άλλες 32 Μεταβυζαντινές Εκκλησίες στο Νομό Δράμας“. Τα Νέα της Πετρούσας. Посетено на 14 ноември 2014.
  2. „Ζωοδόχος Πηγή Περιθωρίου“. Corect. Архивирано од изворникот на 2014-10-18. Посетено на 17 октомври 2014.