Црква „Вознесение Христово“ - Црешево
Вознесение Христово | |
Црквата фотографирана од главниот пат | |
| македонска православна црква | |
| Епархија | Скопска |
| Архијерејско намесништво | Северноскопско |
| Местоположба | |
|---|---|
| Координати | 42°3′18″N 21°30′37″E / 42.05500°N 21.51028°E |
| Место | Црешево |
| Општина | Гази Баба |
| Држава | Македонија |
| Општи податоци | |
| Покровител | Исус Христос |
| Изградба | 1850 |
| Живопис | 1853-1858 |
| Зограф | Дичо Зограф |
| Архитектонски опис | |
Вознесението Христово или попозната како Свети Спас претставува православна црква во скопското село Црешево.[1] Црквата била изградена околу 1850 година. Во нејзината близина се наоѓало и старо црквиче посветено на св. Јован, во чија околина биле сместени и најстарите гробишта на месното население. Црквата „Св. Спас” е меѓу најстарите цркви во овој реон, а богатата орнаментика, а особено старите фрески и икони, кои потекнуваат од 1853 и 1858 година, ја вбројуваат оваа црква во верски објекти од непроценливо национално значење.
Во 1854 година Дичо Зограф работи на иконостасот во црквата. Ги изработил престолните икони и ги потпишал и датирал во 1854 година. Покрај иконите со апостолите со деисисот, ги насликал и празничните икони како и Распетието со Богородица и Јован Крстител. Иако не се потпишани и датирани, судејќи според стилот и типот на светителите, Дичо ги насликал и малите икони за целивање од иконостасот. По завршувањето на работата во село Црешово, Дичо изработил повеќе икони кои денес се наоѓаат во црквата Св. Спас, во Скопје.
Галерија
[уреди | уреди извор]- Камбанаријата во дворот на црквата „Св. Спас“
- Главната капија на црквата „Св. Спас“
- Дел од дворот на црквата „Св. Спас“
Поврзано
[уреди | уреди извор]- Црква „Св. Јован“ - Црешево - гробјанска црква;
- Црква „Св. Петка“ - Црешево - манастирска црква
- Црешево
- Скопска епархија
- Северноскопско архијерејско намесништво
Наводи
[уреди | уреди извор]- ↑ Јелена Павловска, Наташа Ниќифоровиќ и Огнен Коцевски (2011). Валентина Божиновска (уред.). Карта на верски објекти во Македонија. Менора - Скопје: Комисија за односи во верските заедници и религиозните групи. ISBN 978-608-65143-2-7.
Надворешни врски
[уреди | уреди извор]
Црква „Вознесение Христово“ - Црешево на Ризницата ?


