Црква „Воздвижение на Чесниот Крст“ - Сер

Координати: 41°5′15″N 23°33′1″E / 41.08750° СГШ; 23.55028° ИГД / 41.08750; 23.55028
Од Википедија — слободната енциклопедија
Воздвижение на Чесниот Крст
Τιμίου Σταυρού
Поглед на црквата
Карта
41°5′15″N 23°33′1″E / 41.08750° СГШ; 23.55028° ИГД / 41.08750; 23.55028
МестоСер
ЗемјаЕгејска Македонија, Грција
ВероисповедЦариградска патријаршија
Архитектура
Архит. типтрикорабна базилика
Изградба1990
Управа
Архијерејско намесништвоСерско
ЕпархијаСерско-нигритска

Воздвижение на Чесниот Крст (грчки: Ιερός Ναός Τιμίου Σταυρού) — црква во градот Сер, Егејска Македонија. Влегува во состав на Серско-нигритската епархија на Цариградската патријаршија. Има улога на парохиски храм.[1]

Историја[уреди | уреди извор]

Црквата се наоѓа на улица „Георгиос Папандреу“ бр. 19. Изградена е врз постар храм, урнат во 1990 г. и зачувани се само северниот и јужниот ѕид. Градбата претставува трикорабна базилика со женска црква. Во 2000 г. апсидата е живописана со претставата на Богородица Поширока од небесата. Во април 2006 г. почнал да се работи мозаикот. Храмот е осветен на 10 септември 2006 г. од митрополитот Теолог Серски. Во октомври 2009 г. почнало живописувањето на страничните кораби на наосот. Во женската црква има два параклиса — „Св. Катерина“ и „Св. Арсениј“.[1]

Поврзано[уреди | уреди извор]

Наводи[уреди | уреди извор]

  1. 1,0 1,1 „Ιερός Ναός Τιμίου Σταυρού“. Ιερά Μητρόπολη Σερρών και Νιγρίτης. Посетено на 12 декември 2017.