Црвена сала (Словенија)

Од Википедија — слободната енциклопедија
Црвена сала
Карта
МестоположбаВелење, Словенија
СопственикГрадска општина Велење
ОператорСпортско рекреативен завод „Црвена сала“
Сместивост2,500
Изградба
Почнато со градба24 август 1974
Отворен1975
Обновен1989, 1994, 1998, 2004
Корисници
РК Горење Велење
ЖРК Велење

Црвена сала (словенечки: Rdeča dvorana) ― спортско здание во Велење, Словенија. Тоа е домашна терен на РК Горење Велење. Салата може да прими 2.500 гледачи.[1]

Историја[уреди | уреди извор]

Изградбата на салата започнала на 24 август 1974 и била завршена во 1975.[2] Црвената сала го имала своето неслужбено отворање на 11 октомври 1975. Отпрвин, била изградена да биде домаќин на различни видови саеми, а не за спортски настани.

По одредени измени на градбата, Владата на Словенија го основала јавното претпријатие Спортско рекреативен завод „Црвена сала“ (Športno rekreacijski zavod Rdeča dvorana) на 25 мај 1992. Местото било обновувано неколку пати во својата историја, последен пат во 2004 година.

Употреба[уреди | уреди извор]

Црвената сала е домашен терен на РК Горење Велење и ЖРК Велење. Тоа било исто така едно од четирите места користени за Европското првенство во ракомет за мажи во 2004.

Наводи[уреди | уреди извор]

  1. „FUTSAL registrirane dvorane“ (PDF). nzs.si (словенечки). Фудбалски сојуз на Словенија. Посетено на 24 ноември 2023.
  2. „Rdeča Dvorana – Rdeča dvorana ŠRZ Velenje“. srz-rdeca-dvorana.si (словенечки). Посетено на 24 ноември 2023.

Надворешни врски[уреди | уреди извор]