Црвена коса

Од Википедија — слободната енциклопедија
Црвенокоса жена

Црвена коса, лисеста или ѓумбиреста коса — таа е една од генетски наследените видови боја на човечката коса. Црвенокосите луѓе често имаат бледа кожа и пеги. Најчестиот вид црвена коса е во Северна Европа, на пример на Британските Острови (главно Ирска и Шкотска), како и во Удмуртија. Таквата коса се одликува со високи нивоа на црвениот пигмент феомеланин и односително ниски нивоа на темниот пигмент еумеланин. Црвената коса е предизвикана од пигментот феомеланин, чие производство е под влијание на одредени измени на генот MC1R. Фенотипски, имањето црвена коса бара присуство на еден алел на црвена коса од секој родител.

Фенотип[уреди | уреди извор]

Црвенокосите обично имаат светла кожа, светли очи (сива, сина, светлосина, зелена), пеги и чувствителност на ултравиолетова светлина.[1] Луѓето со црвена коса речиси секогаш имаат светла кожа — ова е генетска предност во климатските зони каде што времето е студено поголем дел од годината и врне многу дожд. На такви места на Земјата има малку сончеви денови и важно е за оние што живеат таму да внесуваат доволно витамин Д. За ова придонесува светлата кожа. Сепак, чувствителноста на црвенокосите луѓе на ултравиолетово зрачење предизвикува висок ризик за развој на рак на кожата и можност за изгореници од сонце. Истражувањата покажале дека црвенокосите се почувствителни на болка поврзана со топлина и исто така бараат повисоки дози на анестетици во споредба со луѓето со друга боја на коса.[2]

Наводи[уреди | уреди извор]

  1. Valverde P, Healy E, Jackson I, Rees JL, Thody AJ (1995). «Variants of the melanocyte-stimulating hormone receptor gene are associated with red hair and fair skin in humans» Архивирано на 16 јули 2017 г.. Nature Genetics 11 (3): 328-30. doi:10.1038/ng1195-328. PMID 7581459.
  2. „Myös tummatukkaisilla on ihosyövälle herkistävää "punatukkageeniä". www.iltalehti.fi (фински). Посетено на 2023-12-18.

Надворешни врски[уреди | уреди извор]