Цедевита
Цедевита е хрватско претпријатие кое ги интегрира развојот, производството, маркетингот и продажбата на инстант пијалаци, чаеви и кондиторски производи наменети за здрава исхрана. Многу години Цедевита д.о.о. својата палета на производи ја развивала во рамките на фармацевтската компанија Плива Архивирано на 16 декември 2012 г., а во јули 2001 година станала дел од Атлантик Групацијата.
Историја[уреди | уреди извор]
Производите кои денес се во асортиманот на Цедевита д.о.о., повеќе од 40 години се произведуваат како спој на традицијата за производство на диететски производи и високите критериуми за квалитет во фармацевтската индустрија. Првиот Цедевита инстант пијалак бил направен во 1969 година, а во 1970-тите години тој бил пуштен на пазарот. Го патентирал магистерот по фармација, Мартин Станковиќ.[1] Првата Цедевита имала вкус на портокал. Тогашната Цедевита била пакувана во стаклени шишенца кои заедно со лажиче за дозирање биле пакувани во картонска кутија. Првиот производот повеќе потсетувал на лек, а се продавал само во аптеки. Но, бидејќи брзо станала популарна, почнала да се продава и во продавниците за широка потрошувачка. Во 1985 година, започнало производство и на Цедевита со вкус на лимон, а во 1990 година и со вкус на грејпфрут. Со тек на годините биле создавани нови вкусови на Цедевита, а почнала и продажба во хорека (хотел/ресторант/кафе) каналот. Од 2010 година, Цедевита се пакува со посебен, нов затворач, со кој се одржува свежината и квалитетот на витамините.
Инстант пијалаци[уреди | уреди извор]
Зборот Цедевита воглавно асоцира на инстант пијалаците кои ги произведува ова претпријатие. Постојат 8 вида на Цедевита напитоци, како и Цедевита од портокал за деца и Цедевита лајт за дијабетичари:
- Цедевита портокал (најпозната и најчесто рекламирана)
- Цедевита лимон (втора со најпознат вкус)
- Цедевита мандарина
- Цедевита грејпфрут
- Цедевита лимета
- Цедевита црвен портокал
- Цедевита брусница
- Цедевита со вкус на шумско овошје
Позиција на пазарот[уреди | уреди извор]
Потрошувачката на Цедевита била долго време врзана само за домаќинствата, но со влегување во продажба преку хорека (хотел/ресторант/кафе) каналот, денес во повеќето кафулиња во Хрватска и во регионот може да се ужива во вкусот на пијалаците на Цедевита. За активни луѓе кои се постојано во движење, направена е Цедевита GO! во иновативно пакување, кое поради специјалниот затворач овозможува да се приготви било кога и било каде. Цедевита д.о.о. има водечка позиција (преку 50% од пазарот) во сегментот на инстант витаминските пијалаци на пазарот во Хрватска, Босна и Херцеговина, Словенија и Србија.[2]
Надворешни врски[уреди | уреди извор]
- Официјално мрежно место Архивирано на 31 октомври 2010 г. (хрватски)
Наводи[уреди | уреди извор]
- ↑ „Umro Martin Stanković, otac popularnog napitka Cedevita“ (хрватски). Посетено на 2018-05-21.
- ↑ north2.net. „Cedevita | Početna“. www.cedevita.com. Посетено на 2018-05-21.