Лимета
| Лимета | |
|---|---|
| Недозреани лимети | |
| Научна класификација | |
| Царство: | Растенија |
| Оддел: | Скриеносеменици |
| Поткласа: | Розиди |
| Ред: | Сапуновидни |
| Семејство: | Седефчиња |
| Род: | Цитрус |
| Хибриди | |
|
Citrus χ aurantifolia | |
| Хранлива вредност на 100 g (3.5 oz) | |||||||||||||||||||||||||||||||||||||||
|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|
| Енергија | 126 kJ (30 kcal) | ||||||||||||||||||||||||||||||||||||||
10.5 г | |||||||||||||||||||||||||||||||||||||||
| Шеќери | 1.7 г | ||||||||||||||||||||||||||||||||||||||
| Влакна | 2.8 г | ||||||||||||||||||||||||||||||||||||||
0.2 г | |||||||||||||||||||||||||||||||||||||||
0.7 г | |||||||||||||||||||||||||||||||||||||||
| |||||||||||||||||||||||||||||||||||||||
| †Процентите се проценети врз основа на препораките во САД за возрасни,[1] освен за калиум, кој се проценува врз основа на експертските препораки на Националните академии.[2] | |||||||||||||||||||||||||||||||||||||||
Лимета — име на неколку различни агрумни овошја од семејството цитруси[3], кои се начелно округли, зелени по боја, 3-6 см во пречник, содржат кисела внатрешност и потенка кора. Слични се на лимонот, освен по бојата и донекаде во вкусот. Често се користат како додаток во храна и пијалаци.
Видови
[уреди | уреди извор]Најчестиот вид на лимета се големите, зелени персиски лимети (Citrus × latifolia) и нешто пожолтите мексикански лимети (Citrus aurantifolia).[4]. Меѓу другите видови се и
- мандаринска лимета (Citrus limonia)
- кафирска лимета (Citrus hystrix)
- разни австралиски лимети
- слатка лимета (Citrus limetta)
- палестинска слатка лимета (Citrus limettioides) и
- мисковна лимета (X Citrofortunella mitis).[5]
Примена
[уреди | уреди извор]Пијалаци
[уреди | уреди извор]Сокот од лиметата се користи во пијалаци како лиметада (за разлика од лимонада). Исто така, лиметата се додава во многу коктели со алкохолни пијалаци, на пример: џин-тоник, маргарита, мохито, кајпириња и куба либре. Исто така, многу пијалаци се украсуваат со кришка или кора од лимета. И пивото, особено во Мексико, се служи со резанка од лимета задената во грлото од шишето. И други неалкохолни пијалаци се прават со извесно количество лимета.
Готвење
[уреди | уреди извор]При готвењето, лиметата се користи и поради киселоста на сокот и поради растителната арома. Се става во некои видови десерти, потоа во многу јадења од мексиканската и тајландската кујна. Сушените лимети се употребуваат како зачин во персиската кујна. Лиметата е исто така основна состојка во тамилската кујна.
Други примени
[уреди | уреди извор]Со цел да се спречи скорбутот во текот на XIX век, Британските морнари добивале дневно следување на цитрусни овошја, лимети или некои други. Подоцна се открило дека болеста се добива од недостиг на витамин Ц и дека лиметата содржи големи количини на тој витамин.
Екстрактите од лимета и етерични масла се користат и во производството на парфем, производи за чистење и ароматерапија.
Производство
[уреди | уреди извор]
Според податоци на Агенцијата на ОН за храна ФАО од 2005 година, Мексико произведува скоро 12% од вкупното произведено количество на лимети во светот, а потоа следат Индија, Аргентина, Иран и Бразил.
Наводи
[уреди | уреди извор]- ↑ United States Food and Drug Administration (2024). „Daily Value on the Nutrition and Supplement Facts Labels“. FDA. Архивирано од изворникот 2024-03-27. Посетено на 2024-03-28.
- ↑ „TABLE 4-7 Comparison of Potassium Adequate Intakes Established in This Report to Potassium Adequate Intakes Established in the 2005 DRI Report“. стр. 120. In: Stallings, Virginia A.; Harrison, Meghan; Oria, Maria, уред. (2019). „Potassium: Dietary Reference Intakes for Adequacy“. Dietary Reference Intakes for Sodium and Potassium. стр. 101–124. doi:10.17226/25353. ISBN 978-0-309-48834-1. PMID 30844154. Предлошка:NCBIBook.
- ↑ „лимета“ — Дигитален речник на македонскиот јазик
- ↑ „Comparison of Key and Persian lime fruits“. Архивирано од изворникот на 2013-04-26. Посетено на 2008-07-15.
- ↑ Calamondin
Галерија
[уреди | уреди извор]- Кафирска лимета
- Кришките од лимета обично се користат во пијалаци
- Лимета во супермаркет.
- Лимета во цвет во јужна Шпанија
Поврзано
[уреди | уреди извор]Надворешни врски
[уреди | уреди извор]| „Лимета“ на Ризницата ? |
- Историја на лиметата и сорти Архивирано на 13 ноември 2009 г. (англиски)
- За мексиканската лимета (Citrus aurantifolia) (англиски)
- Тахитска лимета (англиски)
- Предавање за лиметите Архивирано на 24 јуни 2005 г. (англиски)
- Мексикански лимети (Citrus aurantifolia) (англиски)
|
