Цар Лазар и царица Милица

Од Википедија — слободната енциклопедија
Прејди на прегледникот Прејди на пребарувањето

Цар Лазар и царица Милица е српска епска песна

Содржина[уреди | уреди извор]

Цар Лазар седнал да вечера спроти заминувањето на Косово, каде треба да ѝ се спротивстави на турската војска. Неговата жена, царица Милица го замолува да ѝ остави барем еден од нејзините девет браќа за да ја заштитува, за време на неговото отсуство. Царот ја прашува, кој брат сака да ѝ го остави и таа го избира Бошко Југовиќ. Утредента, додека војската поминува крај портите на градот, царица Милица го запира коњот на Бошко Југовиќ, кој го носи царското знаме, и му соопштува дека царот Лазар дозволил тој да остане во дворецот, т.е. дека не мора да оди во борба. Меѓутоа, нејзиниот брат ја одбива, велејќи дека не сака неговата дружина да рече дека тој е плашливец. Затоа, царица Милица го запира другиот свој брат - Воин Југовиќ и нему му кажува дека не мора да оди на Косово, туку дека може да остане со неа во дворецот. Сепак, и тој ја одбива, велејќи дека негова должност е да оди да погине во име на крстот и верата, заедно со останатите свои браќа. Од жал, царица Милица паѓа во несвест и затоа, цар Лазар го повикува својот слуга Голубан да ја однесе царицата во кулата. Голубан ја зема в раце, ја носи во кулата, но срцето не му дава да остане во дворецот, па и тој заминува на Косово.[1] [2]

За песната[уреди | уреди извор]

Песната „Цар Лазар и царица Милица“ прв ја запишал Вук Караџиќ, кој ја слушнал од ајдукот Тешан Подруговиќ.[3]

Наводи[уреди | уреди извор]

  1. Junačke narodne pesme, Rad, Beograd, 1959, стр. 52-55.
  2. Војислав Ђурић, Антологија српских народних јуначких песама. Београд: Српска књижевна задруга, 2012, стр. 140-143.
  3. В.Ђ., „Поговор - О певачима“, во: Војислав Ђурић, Антологија српских народних јуначких песама. Београд: Српска књижевна задруга, 2012, стр. 488.