Прејди на содржината

Хјурикејн (фестивал)

Од Википедија — слободната енциклопедија
Настап на групата Битстикс на зелената сцена во 2005 година

Хјурикејн е музички фестивал, кој се одржува на мотоциклистичката патека во Шесел, Долна Саксонија од 1997 година. Со повеќе од 70.000 посетители (2016), тој е еден од најголемите музички фестивали во Германија. Тој се одржува истовремено со сестринскиот фестивал Саутсајд во месец јуни и е организиран од страна на агенцијата за организирање на настани ФКП Скорпио, како и продукциските куќи МЦТ Агентур и Коко Констанц. Како и многу други големи фестивали, Хјурикејн се одликува со програма која опфаќа мешавина од рок, поп, алтернативна и електронска музика, а учество земаат како познати ѕвезди, така и новопојавени музичари.

Посетители на фестивалот доаѓаат од цела Германија, како и од Англија, Холандија и нордиските земји. Но, поради неговата зголемена популарност, се среќаваат посетители и од целиот свет.

Надворешни врски

[уреди | уреди извор]

Литература

[уреди | уреди извор]
  • Folkert Koopmans (Hrsg.): 20 Jahre Hurricane Festival. 1997-2016., FKP Scorpio, 2016.