Христо Христов

Од Википедија — слободната енциклопедија
Прејди на прегледникот Прејди на пребарувањето
Христо Христов
Prim.Dr. Hristo Hristvo.jpg
Роден 31 октомври 1927
Битола
Починал 10 април 2017
Битола
Националност Македонец
Познат основоположник на одделението за оториноларингологија во Битола
Занимање лекар, специјалист по оториноларингологија
Операција на уво, Либија.tif
Југословенската болница во либискиот град Бенгази.tif

Примариус д-р Христо Христов (31 октомври 1927, Битола - 10 април 2017, Битола) — македонски лекар, специјалист по оториноларингологија и виш здравствен советник. Основоположник на одделението за уво, грло и нос во Клиничката болница во Битола.[1][2]

Животопис[уреди | уреди извор]

Клиничка болница - Битола.tif

Христов ги завршил студиите по медицина во Белград во 1952 година, специјализирал оториноларингологија во Загреб каде учел од надалеку прочуениот доктор Анте Шерцер. Специјалистичките студии ги завршил во 1957 година. Веднаш потоа, на 20 ноември 1957 година, го отворил првото одделение за уво, нос и грло во внатрешноста на Македонија, во кое работел до пензионирањето (1987). Се усовршувал во Полска, Германија, Прага и во други европски градови, а своите искуства ги пренел и во Африка, каде две години бил доктор и директор на Југословенската болница во Бенгази.

Д-р Христов бил долгогодишен началник на одделението за уво, нос и грло каде извршувал најделикатни операции и единствен доктор за цела Југозападна Македонија во тоа време.

Во својот работен век, прегледал над 100.000, а оперирал над 25.000 лица. Бил и сојузен пратеник за здравство во тогашна Југославија.

Д-р Христов бил семеен човек, оженет за Љиљана Ивошевиќ-Христова со две високообразовани ќерки, Вера и Жанета, како и три внуци Мартина Кимовска, Марија Мустрик и Мишел Марковски.

Награди[уреди | уреди извор]

Добитник е на бројни награди и признанија за придонес во здравството, меѓу кои и Награда „4 Ноември“ за посебни заслуги и придонес во здравството во 1968 г. Истата година ја стекнал и титулата примариус за уво, грло и нос.

Бил одликуван и со Орден на трудот со сребрен венец од страна на СФРЈ Југославија.

Наводи[уреди | уреди извор]

  1. "ХРИСТОВ, ХРИСТО ЌИРОВ". Македонска енциклопедија. http://macedonianman.com/?s=ХРИСТОВ%2C+Христо+ќиров. Retrieved 20 декември 2020. 
  2. „ОТОРИНОЛАРИНГОЛОГИЈА“. Клиничка болница Битола. Посетено на 20 декември 2020.