Христо Иванов - Мајсторчето

Од Википедија — слободната енциклопедија
Христо Иванов - Мајсторчето
Роден 1879
Лерин, Егејска Македонија
Починал 1902
Апоскеп, Костурско, Егејска Македонија

Христо Иванов Огненов, познат како Мајсторчето[1] или Леринчето[2] — македонски револуционер, учесник во македонското револуционерно движење, член на Македонската револуционерна организација.

Животопис[уреди | уреди извор]

Лазар Бицанов и Христо Иванов - Мајсторчето

Огненов е роден во градот Лерин, но по потекло е од селото Загоричани, Костурско. Тој завршува основно образование и работи кај татко му како чирак ѕидар. Во 1900 г. влегува во ВМОРО. Дејствува како курир и терорист[3], како и врска меѓу раководителот на месниот комитет Филип Георгиев и четата на Марко Лерински. Тој бил откриен за време на Иванчовата афера од 1901 година, и станува комита во четата на Марко Лерински. Во јануари 1902 г. во Костур го убива Трајан од Кономлади, кој се движел со турски војници по селата и го тероризирал месното население. По ова убиство бега по патот кон Апоскеп, но е стигнат од еден стражар, по кого стрела со револвер, а на крајот се самоубива, за да не биде фатен жив.[4][5][6] Погребан е во братската могила во Апоскеп.[2]

Наводи[уреди | уреди извор]

  1. Николов, Борис Й (1999). ВМОРО : псевдоними и шифри 1893-1934. София: Издателство „Звезди“. стр. 62. ISBN 954-9514-17 Проверете ја вредноста |isbn=: length (help).
  2. 2,0 2,1 Македонски алманахъ (PDF). Индианаполисъ, Индиана, САЩ: Централенъ Комитетъ на Македонскитѣ политически организации въ Съединенитѣ щати, Канада и Австралия. 1940. стр. 51.
  3. Спомени на Георги Попхристов
  4. Христовъ, Г. П (1942). „Христо Ивановъ - майсторчето“ (PDF). Илюстрация Илиндень. Илинденска организация. 4 (134): 9. Занемарен непознатиот параметар |month= (help)
  5. Силяновъ, Христо (1933). Освободителнитѣ борби на Македония (PDF). I. Илинденското възстание. София: Издание на Илинденската Организация. стр. 135.
  6. Пелтеков, Александър Г. (2014). Революционни дейци от Македония и Одринско (II. изд.). София: Орбел. стр. 182. ISBN 9789544961022.