Хрватски одбранбени сили

Од Википедија — слободната енциклопедија
Хрватски одбранбени сили
Hrvatske obrambene snage
Лепенка на хрватските одбранбени сили
Активна22 јануари 1991 – 5 април 1993
Земја Хрватска
Босна и Херцеговина Република Босна и Херцеговина
ПрипадностХрватската партија на правата (ХСП)
Големина8,000[1]
HeadquartersЗагреб, Хрватска
Љубушки, Босна и Херцеговина
ПрекариЦрнци (Crnci)
ГеслоЗа дом спремни
БоиЦрна
Распуштенасептември 1991 година во Хрватска
21 август 1992 во Босна и Херцеговина
Обележја
Знаме

Хрватски одбранбени сили (ХОС; хрватски: Hrvatske obrambene snage) — паравоена група на Хрватската партија на правата (ХПП) од 1991 до 1992 година, за време на првите фази на Војните во Југославија. За време на Хрватската војна за независност, ХОС организирале неколку чети и учествувале во одбраната на Хрватска. На врвот на војната во Хрватска, ХОС располагале со неколку баталјони. Првите единици на ХОС биле предводени од Анте Параџик, член на ХСП, кој бил убиен од хрватската полиција во септември 1991 година. По општата мобилизација во ноември 1991 година во Хрватска и прекинот на огнот во јануари 1992 година, ХОС била припоена кон хрватската армија.

Единиците на ХОС во Босна и Херцеговина се состоеле од Хрвати, Бошњаци и странски доброволци предводени од Блаж Краљевиќ.[2] На 9 август 1992 година, Краљевиќ и осум членови на персоналот биле убиени од војници на Хрватскиот совет за одбрана (ХСО) под команда на Младен Налетилиќ.[3] ХОС биле распуштени набргу потоа и припоени од ХСО и Армијата на Република Босна и Херцеговина на почетокот на Бошњачко-хрватската војна.[2] Последната единица на ХОС била распуштена на 5 април 1993 година во средна Босна и Херцеговина.[4]

Галерија[уреди | уреди извор]

Поврзано[уреди | уреди извор]

Наводи [уреди | уреди извор]

Фусноти
  1. Veselinović 2014, стр. 70-71.
  2. 2,0 2,1 Nigel Thomas, Nigel Thomas (2006). The Yugoslav Wars: Bosnia, Kosovo and Macedonia 1992–2001. Osprey Publishing. стр. 21. ISBN 1-84176-964-9.
  3. Ramet 2006, стр. 343.
  4. Shrader 2003, стр. 46.
Општи извори