Хрант Шахинјан

Од Википедија — слободната енциклопедија
Хрант Шахинјан
Лични податоци
Роден(а)30 јули 1923(1923-07-30)
Гјулагарак, Ерменска ССР, СССР
Починал(а)29 мај 1996(1996-05-29) (возр. 72)
Ереван, Ерменија
Спорт
ЗемјаСССР СССР
СпортГимнастика
КлубСпартак Ереван

Хрант Шахинјан (ерменски: Հրանտ Շահինյան) (30 јули 1923 – 29 мај 1996)[1] исто познат како Грант Шагинјансоветски и ерменски гимнастичар. Специјализиран во дисциплините кругови и коњ со рачки, тој бил двократен олимписки шампион, двократен светски шампион и седумкратен шампион на СССР.[2]

Шахинјан бил награден со признанијата Заслужен мајстор во спорт на СССР (1952), Заслужен тренер во спорт на Ерменија (1961) и Заслужен работник во физичка култура и спорт на Ерменија (1966).

Од 1967 до 1969 година, тој бил на чело на спортскиот комитет на Ерменската СССР, а од 1969 до 1975 година потпретседател на истиот комитет.

Ран живот[уреди | уреди извор]

Хрант Шахинјан е роден во селото Гјулагарак. Неговото семество се преселило во Ереван во 1930 година. На 20-годишна возраст, Шахинјан волонтирал да се бори во првите редови во Втората светска војна и се здобил со рана на ногата за време на службата. Тој потоа морал да се движи со бастун, но по извршениот третман во 1946 година и преку многу напорна работа, бил во можност да стане член на советската гимнастичка екипа.

Животопис[уреди | уреди извор]

Хрант Шахинјан започнал да тренира гимнастика под водство на Харутјун Гаргалојана откако се преселил во Ереван. Во 1939 година, тој станал неприкосновен шампион во конкуренција на јуниори.

Како член на советката олимписка екипа, тој се натпреварувал на Летните олимписки игри 1952 во Хелсинки.

На игрите тој се квалификувал за сите дисциплини. Заедно со советската екипа, тој го освоил златниот медал во екипниот повеќебој. Во поединечниот повеќебој, Шахинјан го освоил сребрениот медал, завршувајќи веднаш зад Виктор Чукарин, кој бил најуспешен спортист на игрите. Тој не успеал да го победи Чукарин ниту во дисциплината коњ со рачки, и бил изедначен за сребрениот медал со Евгениј Королков. На разбојот тој го освоил четвртото место. Во дисциплината кругови, Шахинјан постигнал повисок резултат од Чукарин и од останатите финалисти и успеал да го освои златниот медал.[3][4]

Две години подоцна, на Светското првенство 1954, Шахинјан станал светски шампион во дисциплината коњ со рачки, и го освоил златниот медал во екипниот повеќебој со советската екипа. Тој исто така го освоил бронзениот медал во поединечниот повеќебој.

Во 1958 година, Шахинјан основал гимнастичко олимписко училиште за младинци во Ереван и бил негов директор сè до неговата смрт во 1996 година.[5]

Во октомври 2014 година, во присуство на претседателот на МОК, Томас Бах, во Ереван бил откриен споменик во негова чест.[6].

Наводи[уреди | уреди извор]

  1. Шабалин, Денис (2012). „Шагинян Грант Амазаспович (1923-1996)“. Спортивный некрополь. Архивирано од изворникот на 2013-03-20. Посетено на 2012-07-01. (руски)
  2. „Armenian Olympians: Ancient Olympiads to London 2012“. www.armenianweekly.com. Посетено на 14 December 2012.
  3. „Gymnastics at the 1952 Helsinki Summer Games“. Sports-Reference.com. Архивирано од изворникот на 2012-12-08. Посетено на 14 December 2012.
  4. "1952 Summer Olympics – Helsinki, Finland – Gymnastics" databaseOlympics.com (Посетено на April 4, 2008)
  5. „Artistic Gymnastics Championship to be held in Yerevan“. news.am. Посетено на 14 December 2012.
  6. Президент МОК: Грант Шагинян стал королем наших олимпийских сердец (руски)

Надворешни врски[уреди | уреди извор]