Херувимска песна

Од Википедија — слободната енциклопедија
Херувимска песна на православна литургија

Херувимска песна (грчки: Ο Χερουβικός ύμνος) — православна литургиска химна која се пее на литургијата и ги претставува подготовките на верниците за Великиот вход.

Во литургијата била вклучена за време на царот Јустин II во 573 година.[1]

За време на пеењето на вториот дел од Херувимската песна, свештеникот со ѓаконите се враќа во олтарот низ царските двери.

Херувимската песна се пее во литургијата на Свети Јован Златоуст и литургијата на Свети Василиј Велики, освен на Велики четврток кога наместо неа се пее тропарот на 6-ти глас „На Твојата Тајна вечера“ и на Велика сабота кога се пее „Да молчи секое тело човечко“.

Оваа песна се пеела во Византиското Царство и на литургијата на Рождеството Христово. Порано во некои православни храмови на Велигден се пеела херувимската песна: „Стана Христос. . . На Преосветената литургија наместо Херувимска песна се пее многу содржајната песна: „Сега силите небесни“ од која се сознава дека невидливите сили со нас невидливо служат. За време на пеењето на Херувимската песна, ѓаконот го кади олтарот, иконостасот и верниците, од солејата.

Текст[уреди | уреди извор]

Ние кои херувимите таинствено ги изобразуваме,

и на животворната Троица ја пееме тросветата песна, сега секоја животна грижа да ја оставиме на страна. За да Царот на сите го прифатиме, Кого ангелските чинови невидливо го носат: алилуја, алилуја, алилуја.


Црковнословенски текст[уреди | уреди извор]

Иже Херувими тајно образујушче и животворјашчеј Тројицје,

трисвјатују пјесан припјевајушче. Всјакоје ниње житејскоје отложим попеченије. Јако да Царја всјех подимем, ангелскими невидимо, дориносима чинми: алилуја, алилуја, алилуја.


Наводи[уреди | уреди извор]

  1. Brightman F. E. Liturgies Eastern and Western. Oxford University Press. (1965). стр. 532