Солеја
Изглед
Солеја[1] (грч: η σολέα) — правоаголен простор пред иконостасот, потесен или поширок, подигнат за најмалку едно скалило во однос на подот на наосот; солејата е возвишување пред иконостасот. На солејата стојат ѓаконите и чтеците, како и свештениците и архијереите за време на различни литургиски периоди: Мал вход, Голем вход, Евангелско читање, проповедање, произнесување ектении, причестување на верните итн.
На тој простор се поставуваат царскиот и епископскиот престол. Во ранохристијанските храмови, солејата била одвоен и извишен дел на средниот брод на храмот, на кој биле поставени престолите на епископот и/или патријархот.