Хемиска рамнотежа

Од Википедија — слободната енциклопедија

При хемиски процес, хемиска рамнотежа е состојба при која хемиските активности или концентрации на реактантите и производот не се менуваат. Кога две супстанции стапуваат во хемиска реакција и образуваат соодветни производи, во помала или поголема мерка се одвива и обратната реакција.

A+B --> C+D директна реакција

C+D --> A+B обратна реакција