Хевиозо

Од Википедија — слободната енциклопедија

Во дахомејската митологија, Хевиозо е бог на громот во регионот Со. Тој е брат близнак на Гун, и едно од децата на Маву Лиза.[1] Ова божество е познато и како Живодун (т.е. Водун на небото).

Кај народот Еве[уреди | уреди извор]

Хевиозо кај Еве во Бенин означува сончево божество. Тоа е бог на громот, молњата и на правдата. Неговиот симбол е секира. Ксевиозо убива луѓе и уништува имот и дрвја со божествени секири.[2] Телото на човекот убиен од Хевиозо го закопуваат свештениците на Хевиозо. Имотот на починатиот тие го фрлаат на раскрсниците бидејќи се смета дека станал загаден. Како сончево божество Хевиозо овозможува дожд за доброто на земјоделството па затоа се смета како благослов за земјата, за луѓето и за животните.[2]

Поврзано[уреди | уреди извор]

Наводи[уреди | уреди извор]

  1. Ojo, John Oluwasegun. (1999). Understanding West African traditional religion (1 ed. изд.). Ile-Ife, Osun State [Nigeria]: S.O. Popoola Printers. ISBN 978-33674-2-0. OCLC 48857515.CS1-одржување: излишен текст (link)
  2. 2,0 2,1 Dada, Adelowo, E. (2014-08-23). Perspectives in Religious Studies: Volume I (англиски). HEBN Publishers. ISBN 978-978-081-445-8.