Прејди на содржината

Ханс Ниман

Од Википедија — слободната енциклопедија
Ниман во 2023 г.

Ханс Моке Ниман (англиски: Hans Moke Niemann; р. Сан Франциско, 20 јуни 2003 г.) — американски шахист, велемајстор (2021).[1]

Животопис

[уреди | уреди извор]

Роден е во мешано хавајско и данско семејство. На седумгодишна возраст со семејството се преселил во Холандија, но на десет години се вратил во САД. Почнал да игра шах на осумгодишна возраст. Во 2016 г., Ханс Моке Ниман го освоил Младешкото првенство во шах на Северна Америка во возрасната група до 16 години. Во 2021 г., го освоил Младешкото првенство на САД во шах.[2]

На ниво на возрасни, тој го освоил Меморијалот на Едвард Ласкер во 2019 г.[3] Во јули 2021 г. го дели првото место на меѓународниот шаховски фестивал „World Open“​.[4] Во август 2021 г., завршил втор на Отвореното првенство на САД.

Во ноември 2021 г. во Рига, Ханс Моке Ниман го зазел 52-то место на турнирот „Големо швајцарско првенство на ФИДЕ“.[5]

За неговиот успех на турнирите, ФИДЕ му ја доделил на Ханс Моке Ниман титулата меѓународен мајстор (IM) во 2018 г., и меѓународен велемајстор (GM) во 2021 г.

На 4 септември 2022 г., на турнир во Сент Луис, Ниман го победил сегашниот светски шампион Магнус Карлсен и станал член на симболичниот клуб Михаил Чигорин. Овој настан имал далекусежни скандалозни последици поради обвиненијата покренати од Карлсен, кои биле отфрлени по повеќемесечна постапка.[6]

  1. „Niemann, Hans Moke“. ratings.fide.com. Посетено на January 23, 2021.
  2. „Niemann Clinches U.S. Junior Championship; Wang Wins Girls' Title“. Архивирано од изворникот на 2021-10-27. Посетено на 2022-02-09. Занемарен непознатиот параметар |deadlink= (се препорачува |url-status=) (help)
  3. „103rd Edward Lasker Memorial, MCC Closed Championship December 2019“. Архивирано од изворникот на 2021-11-18. Посетено на 2022-02-09. Занемарен непознатиот параметар |deadlink= (се препорачува |url-status=) (help)
  4. „Sam Shankland shines in defeat at World Cup chess knockout tourney“. Архивирано од изворникот на 2021-11-18. Посетено на 2022-02-09. Занемарен непознатиот параметар |deadlink= (се препорачува |url-status=) (help)
  5. „2021 FIDE Chess.com Grand Swiss“. Архивирано од изворникот на 2021-11-08. Посетено на 2021-11-09. Занемарен непознатиот параметар |deadlink= (се препорачува |url-status=) (help)
  6. „Американскиот шахист Ниман: Не мамев со секс-играчки за да победам“. Фокус. 2023-09-26. Посетено на 2023-12-18.

Надворешни врски

[уреди | уреди извор]
Викицитат има збирка цитати поврзани со: