Футунски Острови
Изглед
Футунски Острови (Futuna) или Хорнски Острови (Hoorn) e мала група на острови во Тихиот Океан, дел од француската територија Валис и Футуна. Вкупната површина на Футунските Острови е 115 км2 и според пописот од 2003 година имале население од 4.873 жители
Историја
[уреди | уреди извор]Островите биле именувани според градот Хорн во Холандија од морепловците Вилем Схаутен и Јакоб Ле Мер. Автохтоното име потекнува од футунскиот збор futu, кој е назив за растението Азијатска Барингтонија.
Географија
[уреди | уреди извор]Островите се составени од:
- Футуна - северозападен остров со вкупна површина од 83 км2 и население од 4871 жители.
- Алофи - југоисточен остров со вкупна површина од 32 км2 и население од 2 жители.
Поврзано
[уреди | уреди извор]14°16′57″S 178°08′59″W / 14.28250° ЈГШ; 178.14972° ЗГД