Френк Лојд

Од Википедија — слободната енциклопедија
Прејди на прегледникот Прејди на пребарувањето
Френк Лојд
Роден(а)Френк Вилијам Џорџ Лојд [1]
2 февруари 1886(1886-02-02)
Глазгов, Шкотска, ОК
Починал(а)10 август 1960(1960-08-10) (воз. 74 г.)
Санта Моника, Калифорнија, САД
Занимање
  • режисер
  • сценарист
  • продуцент
Активен период1915-1955

Френк Вилијам Џорџ Лојд (2 февруари 1886 – 10 август 1960) — филмски режисер, сценарист и продуцент. Тој бил еден од основачите на Академијата за филмски уметности и науки,[2] и бил нејзин претседател во периодот 1934-35.

Лојд бил роден во Глазгов, Шкотска. Неговата мајка Џејн била шкотланѓанка а неговиот татко Едмунд бил велшанец.[1] Тој е првиот шкот во историјата кој добил Оскар. Лојд бил награден со Оскар за најдобар режисер на второто доделување на наградите за неговата работа на немиот филм Боженствената дама, а на истото доделување бил номиниран и уште двапати за филмовите Уморна река и Тежина. Тој повторно го добил Оскарот во 1933 година за филмот Кавалкада и добил уште една номинација за Оскар за најдобар режисер за веројатно неговиот најуспешен филм, Побуна на бродот Баунти.

На 8 февруари 1960 година, Лојд добил своја ѕвезда на Холивудската патека на славните за неговиот особен придонес кон филмската индустрија.[3][4]

Наводи[уреди | уреди извор]

  1. 1,0 1,1 [1]
  2. Pawlak, Debra. „The Story of the First Academy Awards“. The Mediadrome. конс. 23 April 2007. 
  3. „Frank Lloyd | Hollywood Walk of Fame“. www.walkoffame.com. конс. 2016-06-27. 
  4. „Frank Lloyd“. latimes.com. конс. 2016-06-27. 

Надворешни врски[уреди | уреди извор]