Фрево

Од Википедија — слободната енциклопедија
Фрево е вклучен на листата на нематеријално наследство на УНЕСКО. [1]

Фрево е танц и музички стил со потекло од Ресифе, Пернамбуко, Бразил, традиционално поврзан со бразилскиот карневал . Се вели дека зборот frevo доаѓа од frever, варијанта на португалскиот збор ferver (да се вари). Се вели дека звукот на фревото ќе направи слушателите и танчерите да се чувствуваат како да врие на земја. Зборот фрево се користи и за музиката фрево и за танцот фрево.

Потекло на Фрево[уреди | уреди извор]

Фрево музиката се појавила прва. До крајот на 19 век, воените оркестри на бразилската армија со седиште во градот Ресифе започнале традиција на парадирање за време на карневалот. Бидејќи карневалот првично се поврзувал со католицизмот, тие свиреле религиозни маршеви за поворки како и воена музика. Неколку пешадиски и коњанички полкови и дотогаш имале познати оркестри кои привлекле многу следбеници меѓу населението на државата, така што било само прашање на време кога учесниците во овие оркестри ќе почнат да се споредуваат еден со друг и да навиваат за нивните омилени оркестри/бендови. Двата најпознати оркестри/бенда биле Еспања (што значи Шпанија), чиј диригент имал шпанско потекло, и 14-ка, што го означува 14-тиот пешадиски полк. Оркестрите почнале да се натпреваруваат едни со други и почнале да свират се' побрзо и побрзо, погласно и погласно.

Со цел да се стави крај на насилствата, полицијата почна да ги гони капоерите и уапсила многумина за време на нивните изведби. Отпадникот реагирал умно, носејќи чадори наместо ножеви, и прикривајќи ги капуера движењата во танцови движења. Така, борбените движења еволуирале во она што би било денес, единствена форма на танц, наречена - танцот фрево.

Развој[уреди | уреди извор]

Фрево танцот е стар повеќе од 100 години (1907) и природно се развивал во текот на еден век за да ја достигне сегашната форма.

За танцот[уреди | уреди извор]

Во истиот натпреварувачки дух што го создаде, Фрево танцот се развивал со трансформирање на движењата на капуерата во квази-акробатски движења на танцот. Секој фрево танчар работел напорно за да развие ново движењa што барало многу вежбање, сила, издржливост и флексибилност, така што борбата меѓу групите се префрлила од физичко на естетско поле. Фрево танцовите движења вклучуваат скокови, координирани брзи движења на нозете, свиткување на нозете, превртување итн.

Танцот Фрево сега е познат како пасо, а Фрево танчерите како пасисти. Костимите на пасистите исто така се развиле од обична облека до оскудна облека, што ќе е соодветна за движењата. Костимите на пасистите се многу шарени, за да можат да бидат повидливи во толпата.

Чадорот како реквизит исто така станал дел од танцот под влијание на обичните црни чадори со дрвени рачки, кои биле заменети со шарени. Движењата со чадор се дел од танцот и акробациите со нив се вообичаена практика. Не е невообичаено да видите пасисти како ги фрлаат чадорите во воздух, прават некои движења и повторно ги фаќаат. Тие ги поминуваат чадорите и меѓу нозете. Најчестото движење е само замавнување на чадорот и пренесување од рака во рака додека се изведуваат едноставните фрево движења.

Почнувајќи од 1950-тите, еден од најголемите мајстори на пасото е Насименто до Пасо. Се вели дека од тогаш додал повеќе од 100 нови различни движења во танцот. Исто така, го основал и првото училиште за Фрево танц во Ресифе во доцните 1990-ти. Сликата на пасистите е една од најистакнатите симболи на карневалот во Пернамбуко.

Американската поп-ѕвезда Синди Лопер танцува во фрево стил кога ја пее нејзината песна „Maybe He'll Know“.

Музика[уреди | уреди извор]

Фрево-де-руа[уреди | уреди извор]

Фрево-де-Руа (Улицата Фрево), најчестото значење на зборот „фрево“, е музичкиот, инструментален стил, кој се свири во исклучително брзо темпо со лимени дувачки инструменти, (труби, тромбони, саксофони и туба).

Фрево-де-Руа бендовите, често може да се видат како свират на фудбалски натпревари во Ресифе, формирајќи еден вид пеп бенд . Една од најпознатите мелодија на Фрево-де-Руа оркестрите/бендовите се нарекува „Васурињас“. Еден од најпознатите диригенти на овој стил е маестро Дуда. Во 2000-тите, најпознатите амбасадори на фрево стилот биле големиот бенд СпокФрево оркестра од Ресифе, предводен од саксофонистот Иналдо Кавалканте де Албикерк, попознат како Спок. Станува збор за 17-18 професионални музичари - меѓу кои и двајца виртуозни тапанари и еден модерен перкусионист кои имаат своја мисија да го запознаат светот со фрево музиката. Тие ја започнале својата прва турнеја во САД во март 2012 година.

Инструментариумот на уличните Фрево бендови[уреди | уреди извор]
  • Секција на лимени дувачки инструменти
    • Труба
    • Корнет-лимен дувачки инструмент од групата на труби
    • Флугелхорна
    • Тромбон (со вентили/или лизгач)
      • вклучувајќи бас тромбон
    • Мелофон
    • Туба
    • Еуфониум
    • Сузафон-лимен дувачки инструмент од групата на туби.
  • Саксофони
    • Тенор саксофон
    • Алт саксофон
    • Сопран саксофон
  • Удиралки
    • Добош
    • Бас тапан
    • Чинели
    • Сурдо-бразилски бас тапан
    • Репиник-бразилски двостран тапан

Фрево де блоко се пее и свири со гудачки инструменти. Капиба бил најпознатиот композитор на овој стил, но може да се наведе и Гетулио Кавалканте. Клаудион Германо (пејач) и Антонио Нобрега (пејач и танчер) се двајцата најдобри изведувачи на Фрево де Блоко стилот.

Фрево де трио (фрево бајано)[уреди | уреди извор]

Аранжмани на фрево композиции за помали формации, најчесто без секција на лимени дувачки инструменти. Овие состави се најчесто составени од бахиски-гитари, тапани, бас, електрични гитари, клавијатури и пејач. Стилот бил развиен во раните 1950-ти во Баија.

Наводи[уреди | уреди извор]

Надворешни врски[уреди | уреди извор]