Францишак Алјахнович

Од Википедија, слободната енциклопедија
Прејди на: содржини, барај
Портрет на Францишак Алјахнович.

Францишак Алјахнович (9 март 1883, Вилнус – 3 март 1944, Вилнус, белоруски: Францішак Аляхновіч, полски: Franciszek Olechnowicz) бил белоруски писател, новинар и преживено лице од дејствата на Гулаг.

Алјахнович бил познат како добар драматург, директор и новинар во Западна Белорусија. Тој бил уредник на весникот Беларускі звон кој се издавал во Вилнус, денес во Литванија.

Во 1926 година, тој одлучил да остане во Источна Белорусија, по една конференција во Минск. По неколку месеци, тој бил уапсен од Народниот комесаријат за внатрешни работи и бил испратен во затворскиот камп Соловки. Тој поминал седум години во Гулаг и бил заменет со Бранислав Тарашкиевич, затвореник во Западна Белорусија, затворен во полски затвор во 1933.

Неговото искуство во Гулаг било основа за неговата книга од 1934 година „Во канџите на ДПД“. За време на Втората светска војна, Алјахнович бил уредник на весникот Беларускі глас кој бил издаван во Вилнус. Исто така тој бил лидер на Партијата за независност на Белорусија. Алјахнович бил убиен во 1944.

Поврзано[уреди]