Филозофска трибина

Од Википедија — слободната енциклопедија

Филозофска трибина е прво филозофско списание во Македонија во издание на ННСГ за филозофија при Филозофскиот факултет (Скопје) и Секцијата за филозофија при Друштвото за филозофија, социологија и политикологија на СРМ[1].

Историја[уреди | уреди извор]

Првиот број беше насловен „Билтен на списанието „Филозофска трибина“, Секција за филозофија при Друштвото за филозофија, социологија и политикологија на СРМ“ (мај 1978). Списанието ги имало следниве рубрики: студии и есеи; големи текстови; од наставно-образовната дејност; прикази и осврти; библиографија.

Редакција и издавачка политика[уреди | уреди извор]

Во Редакцијата и Советот на списанието учествувале многубројни дејци како од филозофијата, така и од областа на сродните науки, меѓу кои: Љубомир Цуцуловски, Ферид Мухиќ, Виолета Панзова, Ана Димишковска, Денко Скаловски, Иван Џепароски, Александар Стаматов, Љупчо Митковски, Дејан Донев, Трајче Стојанов, Бошко Караџов, Ана Дишлиеска-Митова и други[2].

Со свои трудови и есеи во списанието биле застапени: Ферид Мухиќ, Александар Ускоков, Стефан Марковски, Бошко Караџов, Марија Тодоровска, Мирко Ѓошевски, Стефан Сидовски, Мартин Поповски, Вангел Ноневски, Владо Камбовски, Витомир Митевски, Весна Томовска, Денко Скаловски, Драгор Заревски, Светлана Камџијаш и други.

Од 2014 година издавач на списанието „Филозофска трибина“ е Филозофското друштво на Македонија.

Наводи[уреди | уреди извор]

  1. „Филозофска трибина“. Macedonism.
  2. „Промоција на новиот број на „Филозофска трибина". МРТ. 12 февруари 2014.