Виолета Панзова

Од Википедија — слободната енциклопедија
Прејди на прегледникот Прејди на пребарувањето
Родена Виолета Ванчова
2 јули 1948
Свети Николе, СФРЈ СФР Југославија
Националност Македонка
Занимање филозоф, универзитетска професорка


Виолета Панзова (моминско: Ванчова; 2 јули 1948 во Свети Николе) — македонска филозофка и универзитетска професорка на Филозофскиот факултет во Скопје.[1]

Биографија[уреди | уреди извор]

Дипломирала на Филозофскиот факултет во Скопје (1970), магистрирала на Филозофскиот факултет во Белград (1981), каде што и докторилала (1989). Како студент била ангажирана за демонстратор по Логика на Групата за филозофија при Филозофскиот Факултет во Скопје. Во редовен работен однос на факултетот е од 1971 година (стажант - асистент), редовен професор (од 2000 г.) за логичката група предмети. Била раководител на Институтот за филозофија на Филозофскиот Факултет (1995 - 1999). Објавила над сто стручни и научни трудови во домашни и странски публикации од областа на логиката, епистемологијата и филозофијата на јазикот. По овие дисциплини изведувала настава на додипломските и постдипломските студии на голем број високообразовни институции во Македонија.

Била раководител на повеќе научноистражувачки проекти, меѓу кои: „Логичка анализа и формализација на македонскиот литературен јазик“ (1992 - 1995), „Македонска логичка терминолоија“ (2000 - 2003) и други. Со својата оригинална концепција за логиката како општа теорија на рационалноста, кохерентно ги обединува различните, па дури и спротиставени значења на поимот логика. Потесен научен интерес и е примената на современата логика во анализата и дигитализацијата на природните јазици, со посебен акцент врз македонскиот јазик, за што разви нова логичка апаратура.

Наводи[уреди | уреди извор]

  1. Панов“. Македонска енциклопедија , книга II (М-Ш): стр. 1113. (2009). Скопје: МАНУ.