Стефан Сидовски

Од Википедија — слободната енциклопедија
Стефан Сидовски
Роден 3 октомври 1946
Скопје, НР Македонија, ФНРЈ
Починал 4 јули 2019(2019-07-04) (возр. 72)
Скопје, Македонија
Националност Македонец
Занимање професор, режисер, глумец

Стефан Сидовски-Сидо (3 октомври 1946 во Скопје4 јули 2019 во Скопје) — македонски професор, режисер и глумец во своите аматерски филмови. Предавал 36 години во гимназијата „Раде Јовчевски-Корчагин“. Работел и како професор по историја на филм и теорија на филм на Универзитет за аудиовизуелни уметности ЕСРА. Во негова чест на 25 септември 2019 година беше поставена плочка со неговото име на едно од столчињата во киносалата на Кинотека на Република Македонија. Многу од неговите филмови се додадени на неговиот официјален Јутјуб канал.[1]

Животопис[уреди | уреди извор]

Студирал филозофија, а естетика слушал кај професорите Павао Вук Павловиќ и Георги Старделов. Од 1973 година работел како професор по Марксизам и самоуправување во гимназијата „Раде Јовчевски-Корчагин“. Врвен педагог и омилен меѓу неговите ученици.

Во 1995 година магистрирал со трудот „Естетската суштина на филмскиот кадар“, а во 2001 година докторирал на тема „Естетиката и дијалектиката во монтажата на филмот“.

Уште од гимназиски денови се занимавал со аматерски филм, прво самостојно, а потоа, како член на киноклубот „Камера 300“. Од 1975 година е член на „Академскиот киноклуб“. Го носи звањето „Мајстор на аматерскиот филм", највисоката титула што ја доделува Кино-сојузот на Македонија. Со своите филмови учествувал на многу меѓуклупски и меѓународни фестивали на кои бил наградуван, а некогаш и забрануван. Сидовски е познат како омилен и инспиративен професор, кој будеше филозофска и прогресивна мисла кај многубројни генерации ученици.

Филмографија[уреди | уреди извор]

Плочка во чест на Сидо на неговото омилено столче во Кинотека на Македонија
Плочка во чест за Сидо
  • Скици, Репортажа, Топка, Бунт (1965)
  • Ракија (1966)
  • Ништавило (1967)
  • Најден дом (1968)
  • Сам (1968)
  • Смртта Освојува (1968)
  • Мрачност - Светлост - Природа (1968)
  • Коцкари (1968)
  • Омнибус (1968)
  • Разочараност (1969)
  • Балада за љубовта (1969)
  • Свет на тишината (1969)
  • Зошто? (1969)
  • Што сум јас? (1970)
  • Огин и Живот (1970)
  • Живот и Смисла (1970)
  • Поле, Селани, Манастир (1970)
  • Што да се прави? (1971)
  • Пат кон... (1973)
  • Доручек (1973)
  • Cimetière militaire français (1974)
  • Скопје, Калеидоскоп на еден град (1974)
  • Еден ден од дневникот на... (1974)
  • Појадок (1975)
  • Копнеж (1976)
  • Револт (1977)
  • Погледи низ прозорот (1978)
  • Синопсис (1978)
  • Порака (1978)
  • Напуштени воденици (1978)
  • Последни слики од мојот училиштен живот (1984)
  • Наташа (1986)
  • Школски етиди (1987)
  • Око. Слики. Храм на Уметноста (1989)
  • Заштита на културните споменици во градскиот парк (1990)
  • Чекори (1990)
  • Откривање на идентитетот (1992)
  • Memento mori (1993)
  • Бивш социјалистички и сегашен капиталистички клошар (1994)
  • Средба со философот-скитник (1994)
  • Талкање (1995)
  • Светот е илузија (1995)
  • Око/Екран (1996)
  • Студ (1997)
  • Пат кон оазата (1997)
  • Дискурс (1999)
  • Идентификација (1999)
  • Илузија (1999)
  • Барање (1999)
  • Големото око (2000)
  • Занес (2000)
  • Надеж (2001)
  • Писмо (2001)
  • Привид (2001)
  • Посета на градскиот парк (2002)
  • Закана (2002)
  • Самрак на цивилизацијата (2002)
  • Демонократија (2003)
  • Гледај! (2003)
  • Бурлеска (2003)
  • Клупи (2003)
  • Концерт на 39 степени (2003)
  • Кошмар (2003)
  • Сомнабулизмот на еден лунатик (2003)
  • Старо, старо... и во ѓубре (2003)
  • Трактат за демократијата (2003)
  • Сурова вистина (2004)
  • Имитација на American Life (2005)
  • Последен ден (2006)
  • Досада (2006)
  • West (2006)
  • Блазираност (2006)
  • Полуден револуционер (2006)
  • In continuo (2007)
  • Гетокино (2008)
  • Големиот водач (2008)
  • Луѓе и добиток (2009)
  • Дрво на животот (2009)
  • Контејнер (2010)
  • Образ (2011)
  • Застој (2011)
  • Миг на среќа (2012)
  • Последна прошетка (2012)
  • Неделен променаден концерт (2013)
  • Средба (2014)
  • Raison d'être (2015)
  • Последни чекори (2015)
  • C'est la vie (2016)
  • Последно видување на светот (2017)
  • Параноја (2018)
  • Визија (2019)
  • Поистоветување (2019)
  • Последно кафе (2019)

Награди[уреди | уреди извор]

  • Златна плакета за најдобар игран филм на Сојузниот фестивал во Панчево, (1968) - „Најден дом“
  • Златна плакета за игран филм на Сојузниот фестивал во Нови Сад, (1975) - „Еден ден од дневникот на...“
  • Гран при на Меѓуклупскиот фестивал НАИСУС во Ниш, (1977) - „Копнеж“
  • Златна плакета за игран филм на Сојузниот фестивал во Нови Сад, (1984), Златни плакети за филм и за режија на Републичкиот фестивал во Гевгелија, (1984) - „Последни слики од мојот училиштен живот“
  • Гран при на Сојузниот фестивал во Куманово, (1990), Златни плакети за филм, за сценарио и за режија на Републичкиот фестивал во Скопје, (1990) - „Заштита на културните споменици во градскиот парк“
  • Гран при и Златна плакета за режија на Републичкиот фестивал во Неготино, (1994) - „Бивш социјалистички и сегашен капиталистички клошар“
  • Гран при на Меѓународниот фестивал на документарен филм “Браќа Манаки” во Битола, (1995) - „Напуштени воденици“
  • Златни плакети за филм и за режија на Републичкиот фестивал во Штип, (1998) - „Пат кон оазата“
  • Најдобро сценарио и специјална награда „Солидарета“ на Меѓународен фестивал Св.Јован во Верона, Италија (2013) - „Образ“

Надворешни врски[уреди | уреди извор]

Наводи[уреди | уреди извор]

  1. Радио МОФ (англиски). 2019-07-04. Отсутно или празно |title= (help); Отсутно или празно |url= (help); |access-date= бара |url= (help)