Ферик Ибрахим-паша

Од Википедија — слободната енциклопедија
Прејди на прегледникот Прејди на пребарувањето
Ферик Ибрахим-паша
Ferik ibrahim paşa hisar.jpg
„Тврдина“ - дело од Ферик Ибрахим-паша
Роден(а)1815
Истанбул, Отоманско Царство
Починал(а)1891
Истанбул, Отоманско Царство
Познат(а) поСликарство
ПравецМртва природа

Ферик Ибрахим-паша (роден во 1815 во Истанбул - починал во 1891 во Усќудар, Истанбул) — османлиско-турски сликар, еден од првите кои изработиле слики од масло во западен стил.

Биографија[уреди | уреди извор]

Во 1835 година дипломирал на „Mühendishane-i Berr-i Hümâyun“, денес познат како Истанбулски технички универзитет, и бил еден од двата изучувачи на уметноста избрани да бидат испратени во Европа за понатамошни студии[1]. Познато е дека тој отишол во Виена и можеби го посетил и Лондон. Во текот на овој период, неговите колеги студенти биле во голема мера дипломци на Турската воена академија. Според книгата на Халил-бег, Elvahı Nakşiye, тој создал многу слики од кои повеќето биле купени од страна на Шеќер Ахмед-паша.

Не е познато кога се вратил од Европа, но на крајот постигнал ранг на генерал-полковник и станал член на Врховниот воен совет.

Во текот на поголемиот дел од неговата кариера, стилските класици биле најпосакувани, особено за портретите. Накратко бил прогонет во Бурса, откако направил реалистичен портрет на султанот што ги покажал неговите лузни од мали сипаници. Повеќето дела на Ибрахим се пејзажи и мртва природа.

  1. Brief biography @ Kim Kimdir.