Феноли
Изглед
(Пренасочено од Фенол (класа))
Оваа статија не наведува никакви извори. (ноември 2009) Ве молиме помогнете со тоа што ќе додадете наводи до веродостојни извори. Непроверливата содржина може да биде изменета или отстранета. |

Фенолите се хидроксилни деривати на ароматичните јаглеводороди во кои хидроксилната група е директно сврзана за јаглероден атом од бензенското јадро.
Како и алкохолите, и фенолите имаат хидроксилна група. Основна разлика меѓу овие два типа на соединенија е тоа што кај алкохолите таа е сврзана на јаглероден атом во странична низа од бензенскиот прстен, додека кај фенолите таа е директно сврзана за бензеновиот прстен.
Вообичаено, поделбата на фенолите се прави на два начина:
- според бројот на хидроксилните групи сврзани во прстенот на бензен, слично како и кај алкохолите, има монохидроксилни, дихидроксилни, трихидроксилни и полихидроксилни феноли.
- според тоа дали бензенскиот прстен е супституиран, фенолите можат да бидат несупституирани и супституирани (покрај OH-групата, во прстенот на бензенот водородните атоми се заменети со различни супституенти, како -X, -OH, -CH3, -NO2 и други).
Синтеза на феноли
[уреди | уреди извор]Неколку лабораториски методи за синтеза на феноли се:
- со естерско преуредување во Фриесовото преуредување
- со преуредување на N-фенилхидроксиламини во Бамбергерово преуредување
- со хидролиза на фенолатни естри или етри
- со редукција на хинони
- со замена на ароматичен амин со хидроксилна група со вода и натриум бисулфат во Бушереровата реакција
- со хидролиза на диазониум соли
- со олигомеризација со формалдехид + базно катализирана реакција со епихлорохидрин до епокси смолни компоненти
- со реакција со ацетон/кетони до, на пример, бисфенол А, важен мономер за синтеза на смоли, како поликарбонатPC, епокси смоли.
|