Фелкишер Беобахтер

Од Википедија — слободната енциклопедија
Едно од последните изданија на „Фелкишер Беобахтер“ (20 април 1945): го прогласува Адолф Хитлер за „човек на векот“ по повод неговиот 56-ти роденден, десет дена пред неговото самоубиство.

Фелкишер Беобахтер (германски: Völkischer Beobachter = „Народен набљудувач“) бил официјален весник на Националсоцијалистичката германска работничка партија (Нацистичка партија или НСДАП) почнувајќи од 1920 г. Најпрвин се појавил како неделник, а од 8 февруари 1923 почнал да излегува како дневен весник. Весникот 25 години претставувал јавен гласник на Нацистичката партија.

„Бојниот весник на национал-социјалистичкото движење на Голема Германија“ (Kampfblatt der nationalsozialistischen Bewegung Großdeutschlands) започнал како „Минхенер беобахтер“ („Mинхенски набљудувач“). Од Нацистичката партија бил купен во декември 1920 по иницијатива на Дитрих Екарт, кој станал негов прв уредник.

Во 1923 година уредник станал Алфред Розенберг[1]. Со забранувањето на Нацистичката партија по неуспешниот државен удар на 9 ноември 1923, весникот исто така престанал да работи, но продолжил со работа со обновувањето на партијата на 26 февруари 1925.

На крајот на април 1945, неколку дена пред поразот на Германија во Втората светска војна, весникот престанал да работи.,

Поврзано[уреди | уреди извор]

Наводи[уреди | уреди извор]

  1. Robert Cecil, The Myth of the Master Race: Alfred Rosenberg and Nazi Ideology, стр. 34. ISBN 0-396-06577-5

Надворешни врски[уреди | уреди извор]