Фани и Александер

Од Википедија — слободната енциклопедија

„Фани и Александер“ (шведски: Fanny och Alexander) – филм на режисерот Ингмар Бергман (кој е автор и на сценариото) од 1982 година. Главните улоги ги играат: Пернила Алвин (Pernilla Allwin), Бертил Гуве (Bertil Guve), Берје Алстед (Börje Ahlstedt), Гун Валгрен (Gunn Wallgren), Ева Фрлинг (Eva Frling), Алан Едвал (Allan Edwall), Јарл Куле (Jarl Kulle), Кристина Шолин (Christina Schollin), Јан Малмсје (Jan Malmsjö) и Ерланд Јозефсон (Erland Josephson). Првобитно, филмот бил замислен како телевизиска серија во четири дела, а дури подоцна бил приспособен за прикажување во кино-салите. Станува збор за дело со автобиографски елементи со алузија на строгото протестантско воспитување на Бергман, а кое е поделено во три стилски различни целини: првата е поврзана со топлината на родителскиот дом, втората го опишува студениот дом на протестантскиот очув, а третата се однесува на утехата во домот на еврејскиот пријател. Филмот има освоено бројни награди, меѓу кои и четири „Оскари“, и тоа: за најдобар странски филм, за фотографија, за костимографија и за сценографија.[1]

Синопсис[уреди | уреди извор]

Дејствието на филмот се одвива во еден шведски град на почетокот на 20 век. Александер (го игра Гуве) и Фани (ја игра Алвин) се малолетни деца на познатиот режисер Оскар (го игра Едвал), а нивната мајка Емили (ја игра Фрлинг) е глумица. Нивното детство е исполнето со театарски претстави, со радостите на божиќните подароци и со интересот за laterna magica. По ненадејната смрт на татко им, мајка им се премажува за месниот бискуп, кој во својот дом воспоставува строг режим. Веднаш по преселбата во новиот дом, децата чувствуваат одбојност кон очувот, кој сурово го казнува Александер за непослушноста. Сепак, стариот еврејски трговец со антиквитети Исак (го игра Јозефсон) успева да го извлече Александар од куќата на бискупот, кој набргу умира...

Наводи[уреди | уреди извор]