ФЕСТ

Од Википедија — слободната енциклопедија

ФЕСТ е меѓународен филмски фестивал што се одржува во Белград, Србија.

ФЕСТ 2015[уреди | уреди извор]

43. издание на ФЕСТ било свечено отворено на 27 февруари 2015 година, а фестивалот траел до 8 март. Официјален слоган на фестивалот бил „Тука сме! Во соѕвездието на победниците„, а биле прикажани 120 филмови, од кои 90 премиери. Притоа, нововоспоставената почесна награда „Белградски победник“ му била доделена на американскиот актер Ричард Драјфус, познат по улогите во филмовите: „Американски графити“ на Џорџ Лукас, „Зошто ме осудивте на живот“ на Џон Бадам, „Ајкула“ на Стивен Спилберг, „Ноќта паѓа над Менхетен“ на Сидни Ламет итн. Притоа, на конференцијата за новинарите, Драјфус изјавил дека „Источна Европа секогаш ја чувствува како враќање дома, бидејќи потекнува од овој дел на светот“. Исто така, со „Белградски победник“ биле наградени и српската глумица Милена Дравиќ и рускиот режисер Александар Сокуров, кому во рамките на фестивалот му бил направен и омаж, составен од неколку негови филмови. Американскиот глумец Џон Севиџ (познат по улогите во филмовите „Коса“, „Ловци на елени“ и „Љубовниците на Марија“) ја добил наградата „Златен печат“, која ја доделува Југословенската кинотека за „сè што направил за светската кинематографија“.[1]

Наводи[уреди | уреди извор]

  1. „Драјфус, Сокуров и Севиџ на ФЕСТ“, Утрински весник, година XVI, број 4724, вторник, 3 март 2015, стр. 15.