Љубовниците на Марија (филм)

Од Википедија — слободната енциклопедија

Љубовниците на Марија е американски игран филм, во режија на Андреј Кончаловски. Главните улоги во филмот ги толкуваат: Настастја Кински, Џон Севиџ, Кит Карадин и Роберт Мичам.[1]

Содржина[уреди | уреди извор]

По завршувањето на Втората светска војна, војникот Иван Бибич се враќа дома во предградието на Питсбург, откако преживеал како затвореник во јапонски логор. Во логорот издржал, мислејќи постојано на својата детска љубов, Марија Бошич. Во родното место, Иван е дочекан со големи почести и сите го слават како херој. Набргу, тој и Марија се венчаваат, но и покрај големата љубов, бракот им се распаѓа, бидејќи Иван страда од психички трауми и не е во состојба да води љубов со неа. Затоа, разочаран, тој на напушта и заминува на друго место. Во меѓувреме, во гратчето доаѓа еден музичар, кој успева да ја заведе Марија и со неа води љубов. Подоцна, музичарот ја раскажува својата авантура пред едно друштво, во кое се наоѓа и Иван. Тогаш, Иван ја сфаќа својата грешка и пак ѝ се враќа на Марија, која во меѓувреме останала бремена од својата еднократна авантура со музичарот.[1]

Наводи[уреди | уреди извор]

  1. 1,0 1,1 Антена, бр. 821, 21 март 2014, стр. 18.