Прејди на содржината

Ујхтериц

Координати: 51°12′26″N 11°55′25″E / 51.20722° СГШ; 11.92361° ИГД / 51.20722; 11.92361
Од Википедија — слободната енциклопедија
Ујхтериц
Дел во Вајсенфелс
Црквата во Ујхтериц
Црквата во Ујхтериц
Црквата во Ујхтериц
Ујхтериц во рамките на Германија
Ујхтериц
Управа
Земја Германија
Покраина Саксонија-Анхалт
Округ Бургенланд
Град Вајсенфелс
Основни податоци
Површина 9 км2
Надм. височина 100 м
Население 1.417  (31 декември 2006)
 - Густина 157 жит/км2
Други информации
Часовен појас CET/CEST (UTC+1/+2)
Рег. табл. BLK
Пошт. бр. 06667
Повик. бр. 03443
Координати 51°12′26″N 11°55′25″E / 51.20722° СГШ; 11.92361° ИГД / 51.20722; 11.92361

Ујхтериц (германски: Uichteritz) — село и поранешна општина во округот Бургенланд, во Саксонија-Анхалт, Германија. Од 1 јануари 2010 е дел од градот Вајсенфелс.

Географија

[уреди | уреди извор]

Ујхтериц се наоѓа помеѓу Гозек и Вајсенфелс, северозападно од Зале во долината на Зале, околу 2,5 километри од Вајсенфелс.

Лобич исто ака припаѓа на стариот административен округ пред да биде припоен кон Вајсенфелс.

Историја

[уреди | уреди извор]

Првите докази за постоење на Ујхтериц се во времето на големата преселба на народите во 6. и 7. век. Најпрвин биле Лужичките Срби, кои го населиле овој регион, како што е документирано во археолошките пронајдоци, како и имињата на местата што завршуваат на „-иц“.

Првото документирано спомнување на селото (како Ујхтериц) било во регистарот на манастирот во Вајсенфелс.

Околу 1300 областа била под власта на Грофовијата Мајсен. Околу ова време црквата во Ујхтериц била изградена, сега најстарата зграда во селото. На задната страна на црквата има песочни столбови со долги корита, т.н. Улеи мечеви. Биле користени од страна на витезите пред да одат во битка.

Исто така, е документирано дека Зале ги пробил браните во 1784 година и го поплавил селото, уништувајќи 44 куќи, шупи и штали.

На 1 јануари 2010, претходните независни села Ујхтериц, Марквербен и Лангендорф биле припоени кон Вајсенфелс.[1]

Познати жители

[уреди | уреди извор]
  1. „СтБА: Промени во општините во Германија, види 2010“. Архивирано од изворникот на 2010-08-01. Посетено на 2011-10-07.

Надворешни врски

[уреди | уреди извор]