Уфук Дергиси

Од Википедија — слободната енциклопедија

Уфук Дергиси (турски: Ufuk Dergisi; Македонски: Списанието Уфук) е cписание кое се објавува во Скопје. Почнува да се публикува во 2009 година. Се објавува на литературен турски јазик. Почнува со работа по формирањето на невладината организација Уфук (во превод: Хоризонт). Списанието го прогласува своето име “Уфук Дергиси” целосно, не е именуван само како “Уфук”.

Уредништво[уреди | уреди извор]

Сопственик на списанието е Енес Ибрахим. Уредникот Алпај Игџи, а шеф на едиторијал е Сезен Сејфула. Членови на редакцијата се: Џихан Мурсел, Елвин Хасан, Илхан Рахман, Нихал Бејадин, Атила Селим, Танер Саит и Селма Шериф.[1]

Претставништва[уреди | уреди извор]

Списанието поседува широка мрежа со своите претставништва во Македонија. Впрочем во Р. Турција па дури и во други држави има официјални и неофицијални претставништва. Публиката на читатели во поголема мера се од Македонија и Турција. Освен тоа списанието има читатели и од Косово, Бугарија, Азербејџан, Кипар (Турска Република Северен Кипар).

Седиште на списанието се наоѓа во Скопје, додека има претставништва во градовите Струмица, Радовиш, Гостивар, Ресен, Охрид, Кичево во Македонија а во градовите Истанбул и Измир во Турција.[1]

Издавачки Концепт[уреди | уреди извор]

Списанието Уфук нуди информации од културен, опшествен и актуелен округ на турски јазик во главно за турските читатели од Балканот и пошироко. Благодарение на претставништвата кои се наоѓаат во Македонија се прави дистрибуција на списанието. Со центрирано издавачко дејство во Македонија како цел ја има политиката да им се обраќа и на другите региони на Балканот кои се наоѓаат вон Македонија. Особено внимава на прецизност при прописно користење на турскиот јазик и топонимите на турски јазик во Балканот. Поради издавачката политика на списанието се одрекува користење на груб политички дискурс. При политички, општествени печати како приоритет се зема позитивниот јазик а не грубиот.[2]

Иако во голема мера темите се однесуваат на Балканот, се среќаваат и теми кои се однесуваат на турскиот свет. Исто така и многу теми од историско значење се објавени.[3][4][5]

Познати искусни личности своите написи ги имаат објавено во списанието а тие се: Рауф Денкташ, Сердар Денкташ, Авни Енѓулу, Намик Кемал Зејбек, Максуд Али. Истовремено и личности кои пишуваат написи на турски јазик во Балканот и нивните написи се објавени во списанието, тие се Енес Ибрахим, Алпај Игџи, Танер Ѓучлутурк, Сезен Сејфула, Нихал Бејадин, Џихан Мурсел, Елвин Хасан, Селма Шериф, Илхан Рахман.

Прилично добро знаеме што значи списание на турски јазик којшто настојува да пружи исправни информации, убавини, поттикнувачки идеи од убавиот и историскиот град на Балканот, од Скопје за луѓето од овој регион.[6]

Наводи[уреди | уреди извор]

  1. 1,0 1,1 Уфук Дергиси, Број 7, мај-јуни 2010, Скопје, 2010, künye
  2. Уфук Дергиси, Број 2, Скопје, 2009, стр.: 1
  3. Танер Ѓучлутурк, Кашгарли Махмуд (Kaşgarlı Mahmud), Уфук Дергиси, Бр.:1, 2009, Скопје, стр.: 18-21
  4. Рауф Р. Денкташ, „Ние од Кипар“(Biz Kıbrıslılar), Уфук Дергиси, Бр.: 5, 2010, Скопје, стр.: 4-5
  5. Алпај Игџи, „Кипарското прашање на Казахстан“(Kazakistan’ın Kıbrıs Meselesi), Уфук Дергиси, Бр.: 6, 2010, Скопје, стр.: 4-5
  6. Уфук Дергиси, Број 7, мај-јуни 2010, Скопје, 2010, стр. 1