Уранија Јурукова
Уранија Јурукова (родена Пировска; с. Изглибе, Костурско, 1926 — Скопје, септември 2012) — борец на Демократската армија на Грција (ДАГ).
Во текот на НОБ (1941-1945) — реонски активист на младинската организација ЕПОН за реонот Пополе - Костурско, потоа во Леринско-костурскиот баталјон и Првата егејска ударна бригада. Од август 1945 година се вклучува во редовите на НОФ, АФЖ и работи како реонски и окружен активист и член на Секретаријатот на Главниот одбор на АФЖ. Во редовите на ДАГ стапува во април 1948 година и е произведена во чин капетан. Била член на Организацискиот комитет и на раководството на Комунистичката организација на Егејска Македонија (КОЕМ).[1]
Романот на Петре М. Андреевски „Небеска Тимјановна“ ѝ е посветен на Уранија Јурукова. „Небеска“ е превод на грчкото име „Уранија“, а Тимјановна го носи името на дедото на Уранија, Тимјан (Евтимиос), кој починал во 1943 година. Внуката на Уранија Јурукова, Уранија Пировска, е директор на македонскиот Хелсиншки комитет за човекови права.[2]
Наводи
[уреди | уреди извор]- ↑ Егејска Македонија во НОБ - 1949. VI. Скопје: Архив на Македонија. 1983. стр. 486.
|access-date=
бара|url=
(help) - ↑ „Не бев воспитувана да молчам, туку да говорам гласно и да се спротивставам на неправдите: Интервју со Уранија Пировска“. Медуза. Посетено на 19 јуни 2021.
Надворешни врски
[уреди | уреди извор]- Љубомир Костовски „Уранија Јурукова: Колку пати ќе умираме?“ Архивирано на 5 октомври 2012 г., „Глобус“
- Гордана Дувњак „Заминувањето на Небеска Тимјановна“[мртва врска], „Утрински Весник“
Оваа биографска статија е никулец. Можете да помогнете со тоа што ќе ја проширите. |