Лупа

Од Википедија — слободната енциклопедија
(Пренасочено од Увеличувач)
Прејди на прегледникот Прејди на пребарувањето
Поштенска марка гледана преку лупа
Проста лупа со пластична рамка

Лупа или зголемувачоптичка направа која се состои од леќа во рамка со рачка и служи за зголемување на еден предмет во очите на набљудувачот.

Лупата е симбол на детективските романи и раскази, особено оние со Шерлок Холмс.

Историја[уреди | уреди извор]

Прво познато споменување на лупата е во комедијата Облаци на Аристофан од 424 г. пр. н. е., кој кажува за некоја аптека што продавала такво стакло за потпала на оган. Подоцна, римскиот природонаучник Плиниј Постариот зборува за стаклена топка исполнета со вода, која се користела за запекување на рани. (Сенека ја спомнува топката како помагало за читање ситен текст.[1] Англискиот филозоф Роџер Бејкон ги опишува особеностите на лупата во XIII век. Во исто време, во Италија почнале да се изработуваат очила.[2]

Зголемување[уреди | уреди извор]

Лупа за работа на држач

Зголемувањето на лупата зависи каде таа е поставена меѓу очите на набљудувачот и предметот што се набљудува, како и од вкупното растојание меѓу нив. Моќта на зголемувањето е еднаква на аголното зголемување (не е исто што и оптичка моќ, која е друга величина). Ова е соодносот меѓу страните на сликите што се образуваат во мрежницата на набљудувачот со и без леќата.[3] Кога се гледа без лупа, се зема дека набљудувачот ќе го доближи предметот највеќе што може, без притоа да му се замати видот. Оваа блиска точка се разликува со возраста — кај младите може да е 5 см, а кај постарите лица — дури до 2 метра. Лупите обично се изработуваат по стандардната вредност од 0,25 м.

Најголемо зголемување се постигнува ако лупата се доближи многу блиску до окото, за подоцна набљудувачот да ги приближи окото и лупата заедно кон предметот, за да постигне најизострена слика. Тогаш и предметот би бил блиску до леќата. Моќта на зголемувањето при вакво постапување ќе биде U0 = (0,25 м)Φ + 1, каде Φ е оптичката моќ изразена во диоптри, а факторот 0,25 м ја претставува претпоставената блиска точка (14 м од окото). Оваа вредност на моќта ан зголемувањето е таа која се користи за карактеризација на лупите. Се бележи со „мד, каде м = U0. Ова понекогаш се нарекува вкупна моќност на леќата (што не е исто што и оптичка моќ).

Сепак, лупите не секогаш се опишуваат на горенаведениот начин. Многу поудобно е кога лупата се доближува до предметот, т.е. на едно жаришно растојание. Окото тогаш може да биде подалеку, а пак лесно да се добие добра слика, бидејќи точната оддалеченост на окото не прави голема разлика во острината. Во овој случај, моќта на зголемувањето приближно ќе биде U = (0,25 м)Φ.

Типичната лупа има жаришно растојание од 25 см, соодветна на оптичка моќ од 4 диоптри и се означува како „2ד (зголемува двократно). Во практика, кратноста на зголемувањето е некаде меѓу 1 и 2, зависно од тоа каде се држи лупата.

По ова начело, лупата може да се користи за сосредоточување на светлина во жариштето, кое потоа развива температура и може да го потпали или загори местото.

Сплесната лупа[уреди | уреди извор]

Пости и друга варијанта за зголемување која е сплесната по облик и се состои од концентрични слоеви на прстенести леќи кои се многу тенки и збиени, образувајќи рамна површина со моќнпст на зголемување. Вавиот распоред е познат како Френелова леќа.

Алтернативи[уреди | уреди извор]

Лупа за ситни детаљи со чие зголемувае изнезува 30×

Лупите најчесто имаат мала моќ на зголемување, од 2× до 6×. Секој обид за поголемо зголемување носи губиток на острината поради оптичките аберации, особено сферната. Кога има потреба од значајно зголемување и поостра слика, тогаш се користат други видови на зголемувачи на ликови. Таков пример се лупите со повеќе леќи, обично сместени во цилиндрични држачи без рачка.

Ваквите лупи достигнуваат зголемување и од 30×, но затоа имаат мошне мал отвор, што значи дека мора да се држат многу блиску до окото и до предметот, што е познато кај оние што се занимаваат со златарство и изработка на накит и драги камења. Потребата од поголемо зголемување се задоволува со употреба на микроскоп.

Поврзано[уреди | уреди извор]

Наводи[уреди | уреди извор]

  1. The history of the telescope by Henry C. King, Harold Spencer Jones Publisher Courier Dover Publications, 2003 стр. 25 ISBN 0-486-43265-3, ISBN 978-0-486-43265-6
  2. Kriss, Timothy C.; Kriss, Vesna Martich (април 1998 г). History of the Operating Microscope: From Magnifying Glass to Micro neurosurgery. „Neurosurgery“ том  42 (4): 899–907. doi:10.1097/00006123-199804000-00116. PMID 9574655 
  3. Hecht, Eugene (1987). Optics (2nd издание). Addison Wesley. стр. 186–188. ISBN 0-201-11609-X.