Убава жена

Од Википедија — слободната енциклопедија
„Pretty Woman“
Податотека:Pretty woman movie.jpg
Theatrical release poster
РежисерGarry Marshall
ПродуцентArnon Milchan
Steven Reuther
Gary W. Goldstein
СценаристJ.F. Lawton
Главни улогиRichard Gere
Julia Roberts
МузикаЏејмс Њутн Хауард
КинематографијаCharles Minsky
МонтажаRaja Gosnell
Priscilla Nedd
СтудиоTouchstone Pictures
ДистрибутерBuena Vista Pictures Distribution
Премиерамарт 23 1990 (1990-03-23)
Времетраење119 minutes
ЗемјаUnited States
ЈазикEnglish
Буџет$14 million
Бруто заработка$463,407,268

„Убава жена“ (англиски: Pretty Woman) е романтична комедија снимана во 1990 година во Лос Анџелес. Напишана од страна на Џонатан Фредерик Лоутон, а во режија на Гери Маршал, со ѕвездите во филмот Ричард Гир и Џулија Робертс и глумците Хектор Елизондо, Ралф Белами (во неговата последната изведба) и Џејсон Александер во споредните улоги. Приказната за „Убава жена“ се заснова на приказната за несреќната проститутка од Холивуд Вивијан Вард, која е најмена од страна на богат стопанственик Едвард Левис, да биде негова придрижничка за неколку деловни и бизнис функции, и развојот на нивните односи се подобриле за време на еднонеделното останување на Вивијан со него.

Првобитно наменето за да биде темна предупредувачка приказна за класата и проституцијата во Лос Анџелес, преосмислен како романтична комедија со голем буџет. Филмот беше многу успешен во билетарниците и стана еден од филмовите со најголема заработувачка во 1990 година. Денес филмот е еден од најуспешните финансиски записи во жарнот на комедијата со проценет бруто-приход од 463.400.000 долари. Филмот исто така има има достигнато култ меѓу познавачите на романтичата комедија и се смета за еден од најуспешните филмови во тој жарн.

Убава жена се смета за еден од најпопуларните филмови на сите времиња; биле продадени најголем број на билети за романтична комедија во Америка, на мрежното место Бокс Офис се најдоа на листата како број еден романтични комедии, со најмногу продадени билети проценети на 42.176.400, што е малку повеќе од “Мојата дебела грчка свадба”(2002) со 41.419.500 билети.

Филмот исто така доби умерена количина на критична пофалба, особено за улогата на Робертс, за која таа ја доби наградата Златен глобус, како и номинација за „Оскар за најдобра глумица“. Покрај тоа, сценаристот Џонатан Фредерик Лоутон беше номиниран за награда за писател и БАФТА награда. Овој филм беше проследен со низа на други слични романтични комедии, вклучувајќи го Бегалка (1999), кој повторно ги обедини Гир и Робертс, уште еднаш под раководство на Гери Маршал.

Содржина[уреди | уреди извор]

Едвард Луис (Гир), е успешен стопанственик и „корпоративен напаѓач“, кој оди по заобиколен пат на Холивуд Булевар за да праша некого за правец. Тој добил мала помош налетувајќи на проститутка по име Вивијан Вард (Робертс) која е подготвена да му помогне да го пронајде своето одредиште. Наредното утро Едвард ја вработил Вивијан да го придружува една недела на сите социјални настани. Вивијан се согласува притоа кажувајќи му дека треба да и плати 3000 долари и пристап до неговите кредитни картички. Вивијан после тоа оди на шопинг на Родео Драјв само за да ја изнервира продавачката која ја гледала со презир поради нејзиниот несоодветен изглед. Првично и менаџерот на хотел Бернард Томсон (Хектор Елизондо) бил исто така изненаден, но тој решава да и помогне да купи фустан, дури и да ја подучи како да се однесува на вечерата. Едвард се враќа и е воодушевен од трансформацијата на Вивијан. Бизнис вечерата не завршува добро, но сепак Едвард бил упорен во својата намера да ја уништи корпорацијата Морс, откако била купена и затворена зградата во која била сместена фирмата веќе 40 години, и го продал земјиштето за недвижен имот. Морс и неговиот внук ја напуштаат вечерата лути, додека Едвард останал преокупиран со договорот. Кога се вратил во хотелот Едвард разговарал со Вивијан и и открива дека со неговиот покоен татко не разговарал цели 14 и пол години. Подоцна таа ноќ воделе љубов на големото пијано во дневната во хотелот. Наредниот ден Вивијан му кажува на Едвард за игнорирањето што и се случило претходниот ден. Едвард потоа ја однел на шопинг Вивијан. Таа потоа се враќа, носејќи ги сите кеси од шопингот во продавницата во која ја понижиле, кажувајќи им на продавачките дека направиле голема грешка.

Наредниот ден Едвард ја носи Вивиен на натпревар во поло каде што е заинтересиран за вмрежување за неговата бизнис зделка. Додека Вивиен разговара со Дејвид Морс, внукот на човекот кој бил вклучен во најновиот договор на Едвард, Филип Стуки (адвокатот на Едвард) се прашува дали таа е шпион. Едвард почнал да го уверува дека таа не е шпион кажувајќи му како се имаат сретнато, а Филип (Џејсон Александер) после тоа и пристапил на Вивијан и и понудил да ја вработи откако ќе ја заврши работата со Едвард, ненамерно навредувајќи ја. Кога се враќаат во хотелот Вивијан лута се расправа со Едвард поради тоа што Едвард му кажал на Филип за неа. Таа планира да го напушти Едвард, но тој и се извинува и ја замолува да остане со него до крајот на неделата. Следниот де Едвард ја напушта работата порано и си зема слободен ден носејќи ја Вивијан на љубовен состанок во операта во Сан Франциско со неговиот приватен авион. Таа е воодушевена од операта (Травијата, чије дејствие се однесува за богат човек кој трагично се заљубува во проститутка).

Додека играат шах со Едвард по враќањето, Вивијан му кажала да земе слободен ден. Тие го поминале цел ден заедно и потоа воделе љубов, повеќе лично отколку професионално. Пред да заспие таа му признава на Едвард дека е заљубена во него. После појадокот Едвард и нуди на Вивијан да и купи апартман и така би можеле да продолжат да се гледаат. Таа се почувствува навредена и кажа дека ова не е “бајката” која што таа ја посакувала. Едвард потоа си заминал на работа без да го решат проблемот. Пријателката на Вивијан Кит Де Луча (Лора Сан Џакомо), доаѓа во хотелот и сфаќа дека Вивијан е заљубена во Едвард.

Едвард се состанува со г-дин Морс со цел да го потпише договорот, но во последен момент се предомислува. Поминатото време со Вивијан му помага да сфати дека постои уште еден начин на живеење и работа, земајќи слободно време и уживајќи во активностите за кои претходно имал многу малку време. Како резултат на тоа неговиот голем интерес за бизнис решил да го стави настрана. Тој одлучил да му помогне на Морс отколку да му ја преземе компанијата. Откако Филип дознава за тоа оди во хотелот да се соочи со Едвард, но тој таму ја наоѓа само Вивијан. Тој ја обвинува неа за промената на Едвард и се обидува да ја силува. Едвард пристигнува на време да го запре Филип во намерата да ја силува Вивијан и луто му кажува да ја напушти хотелската соба. Скокањето од белиот автомобил и потоа качувањето по сигурносните скали е урбана метафора за витезот на бел коњ - спасувањето на „принцезата“ од кулата - бајка која Вивијан му ја раскажала на Едвард и му кажала дека ѝ е омилена бајка од детството. Филмот завршува кога Едвард и Вивијан се бакнуваат на сигурносните скали.

Улоги[уреди | уреди извор]

  • Ричард Гир како како Едвард Луис, богат, бездушен стопанственик од Њујорк, кој е на еднонеделна работа во Лос Анџелес. На почетокот на филмот тој позајмува автомобил Лотус Есприт од неговиот адвокат и поради тоа што не бил способен да го вози добро, тој се губи во област каде што е развиена проституцијата. Додека прашува за правец до неговиот хотел, тој ја запознава проститутката Вивијан.
  • Џулија Робертс како Вивијан Вард убава, добродушна проститутка на холивудскиот булевар, која е независна и самоуверена. Таа одбила да има макро и си го задржала правото сама да ги избира своите клиенти и сама да одлучува што би правела, а што не би правела кога е со нив. Таа се сретнува со стопанственикот Едвард кога тој прашува за правец до Беверли Хилс. Едвард ја најмува Вивијан за вечерта и и нуди 3000 долари да ја помине целата недела како негова придружничка на неговите бизнис и друштвени настани.
  • Ралф Белми како Џејмс Морс , стопанственик и сопственик на непродуктивна компанија, за која Едвард е заинтересиран да ја купи и да ја растури. Едвард подоцна се предомислува и му нуди партнерство на Морс за бродоградба на морнарица, договор со кој компанијата повторно ќе ја направи јака.
  • Џејсон Александер како Филип Стуки, бесчувствителен адвокат. Филип му додева на Едвард откако ќе види дека Вивијан и Давид Морс се согласуваат. Откако дознава дека Вивијан е проститутка и предложува работа. По профитабилната спогодба, затоа што Едвард има чувства за Вивијан, тој налутено се обидува да ја силува но е запрен од Едвард. Олицетворувајќи ја алчноста, Филип му претставува на Едвард што тој можел да стане доколку не ја запознаел Вивијан и да го смени неговиот начин на живот.
  • Џон Дејвид Карсон како Марк Рут, стопанственик во канцеларијата на Едвард.
  • Лаура Сан Џакомо како Кит Де Лука, досетлива пријателка и цимерка , која ги троши нејзините заработени пари на дрога. Откако Вивијан ќе и ги даде нејзините пари за кирија и нешто повеќе, велејќи и дека во неа има потенцијал, инспирираната Кит започнува да планира живот надвор од улицата.
  • Алекс Хид Вајт како Дејвид Морс , внукот на Џејмс Морс кој е паметен и е предодреден да ја преземе фирмата Морс кога неговиот дедо ќе почине или ќе се пензионира. Тој игра поло и можно е да има чувства за Вивијан отакако ќе и го покаже својот коњ за време на играта во која Вивијан и Едвард присуствуваат.
  • Еми Јазбек како Елизабет Стуки , жената на Филип , која сака да биде во центарот на вниманието за се. Таа е саркастична спрема Вивијан, кога тие за првпат се сретнуваат на поло играта, а во исто време таа му кажува на Едвард дека Вивијан е слатка.
  • Елинор Донау како Бриџет пријателка на Берни Томсон која работи во продавница за женска облека е замолена од Берни да и помогне на Вивијан да купи фустан откако таа имаше сукоб со други две жени во друга продавница.
  • Хектор Елизондо како Бернард Берни Томсон заостанат, но добродушен менаџер на хотелот. Најпрво тој не го крие својот презир спрема Вивијан, но постепено се спријателува со неа, и и помага да купи фустан за коктелот и и држи часови по убаво однесување.
  • Џудит Болдвин како Сузан, една од поранешните девојки на Едвард со која на почетокот на филмот повторно започнал врска. Таа се мажи и му открива на Едвард дека една од неговите секретарки ќе и биде деверуша.
  • Лаурел Брукс Мехус како службеничка во ноќното биро во повеќе сцени , таа се појавува во сцената на отворање на хотелот со Вивијан и Едвард.
  • Џејмс Петрик Стујард кој и ја носи облеката на Вивијан откако таа го завршува купувањето.
  • Деј Јанг како продавачка во продавницата за фустани.

Производство[уреди | уреди извор]

Развој[уреди | уреди извор]

Убава Жена првично беше замислена да биде темна драма за проституцијата во Лос Анџелес во 1980-тите години. Односот помеѓу Вивијан и Едвард, исто така, првично негувал контроверзни теми, вклучувајќи го и концептот Вивијан да користи наркотици; дел од договорот беше дека таа мораше да престане да користи кокаин за една недела, бидејќи и биле потребни пари за да оди во Дизниленд. Едвард на крајот ја исфрла од автомобилот и си оди. Во сценариото беше запишано дека филмот треба да заврши со Вивијан и нејзината пријателка, која исто така била проститутка, во автобусот за Дизниленд. Овие дејствија, земени предвид од продуцентот Лаура Зискин од една страна би требало да бидат симпатичен портрет за неа, а од друга страна лош, но беа отстранети и вградени во карактерот на пријателката на Вивиен, Кит. Овие “исфрлени сцени” биле објавени во јавноста, а некои од нив биле ставени на ДВД и објавени на 15-годишнината од филмот. На една таква сцена Вивијан му предлага на Едвард-“јас би можела да го направам тоа добро и да биде на мој начин” што укажува на недостаток на интерес за “разговор под перница”. Во друга сцена таа е одвлечена од страна на дилерите на дрога надвор од Блу Банана и спасена од страна на Едвард и Дарил.

Убава жена остави впечаток сличен на Пигмаиловите митови: особено улогата на Џорџ Бернард Шоу ,со истото име, која исто така била основа за улогата во мјузиклот од Бродвеј -Мојата убава дама. Тогаш во Дизни студиото претседателот Џефри Катзберг беше тој кој инсистирал филмот да биде повторно напишан како бајка со квалитети на љубовна приказна, наспроти како што првично беше замислено да биде темна драма за проституцијата во Лос Анџелес. Меѓутоа на крај беше именувана како романтична комедија. Оригиналниот наслов е именуван како “3.000долари“, но овој наслов беше изменет бидејќи директорите сметале дека тоа е наслов за филм со научна фантастика. Исто така, има непотврдени наводи за филмот „That Touch of Mink”, во кој играат Дорис Деj и Кери Грант.

Кастинг[уреди | уреди извор]

Кастингот на “Убава Жена” беше прилично долг процес. Маршал најпрво ги имал предвид Кристофер Рив, Даниел Деј Луис и Дензел Вашингтон за улогата на Луис, и Ал Пачино, но тие го одбиле. Пачино отишол толку далеку што учествувал во кастингот на читање со Робертс, пред да ја изберат водечката улога. Гир се согласил на проектот. Гир станал се поактивен со својата улога, но Гери Маршал го тргнал на страна и му рекол: “Не, не, не, Ричард. Во овој филм еден од вас се движи, а другиот не. Погоди кој си ти?“ Џулија Робертс не беше прв избор за улогата на Вивијан, и не била посакувана од Дизни. Многу глумци се земени предвид во ова време. Маршал првенствено ја предвидувал Карен Ален за улогата. Таа ја одбила улогата поради тоа што се чувстувала непријатно со содржината во сценариото, и не и се допаѓала идејата да глуми проститутка. Винона Рајдер популарна билетарка во тоа време, била земена предвид и ја поминала аудицијата но била одбиена од Маршал зошто тој чувствувал дека е премлада. Џенифер Корнели била исто така отпуштена поради истата причина.

Мег Рајан, исто така била во изборот на Маршал, но и таа одбила. Според забелешка напишана од Маршал, Мери Стинбурген била првиот избор за улогата на Вивијан Вард. Мишел Фајфер исто така ја одбила понудата бидејќи не и се допаѓало сценариото. Дерил Хана исто така била предвид, но ја одбила понудата бидејќи мислела дека сценариото ја понижува жената. Изговорот на Валериа Голино бил дека филмот нема да може да се долови поради нејзиниот италијански акцент. Џенифер Џејсон Леи била на аудиција за улогата, но откако го прочитала сценариото кое што според нејзе било сексистичко ја одбила понудата. Откако сите други глумици ја одбиле понудата, 21-годишната Џулија Робертс, која што во тоа време била скоро непозната, со исклучок на номинацијата за оскар за улогата во филмот „Стил Магнолијас“ (1989) ја добила улогата на Вивијан. Токму таа улога ја направи Џулија ѕвезда.

Снимање[уреди | уреди извор]

Буџетот за филмот не бил ограничен, па поради тоа продуцентите можеле да си овозможат колку што се потребни локации за снимање на филмот, со проценетиот буџет од 14 милиони долари. Поголемиот дел од филмот беше сниман на локации во Лос Анџелес, Калифорнија, посебно во Беверли Хилс и внатре низ просториите на студиото на Волт Дизни во Бербанк. Ресторанот за полжави наречен „Волтаре“ беше сниман во ресторанот „Рекс“, сега наречен „Кикада“. Снимката во лобито на Беверли Вилсхајр хотелот беше снимана во Амбасадор Хотел во Лос Анџелес. Снимањето започна на 24 Јули 1989 година, но беше веднаш запрено поради многу проблеми, вклучувајќи ги и проблемите со простор и време. Ова ги вклучува Ферари и Порше, коишто одбиле нивниот производ да биде вклучен, бидејќи производителите не сакале да бидат поврзани со проституција. „Лотус Карс“ ја предвиде вредноста на филмот. Оваа фирма обезбеди сребрен Есприт СЕ модел од 1989 година, која што подоцна беше продадена. Овој ризик се исплатил поради тоа што продажбата на Лутус Есприт помеѓу 1990 и 1991 година трипати се зголемила.

Примарното снимање на филмот започнало на 24ти Јули 1989 година. Снимањето главно поминало во пријатна атмосфера и било добро искуство за филмската екипа. Буџетот за филмот бил голем и поради тоа распоредите не биле тесни. Додека се снимала сцената каде што Вивијан лежи на подот од Едвардовиот пентхаус, гледајќи делови од „Ај лав Луси“ со цел да се насмее, Гери Маршал надвор од видокругот на камерата и ги голицкал стапалата за да се насмее хистерично, што е и прикажано во филмот. Исто така сцената во која Гир се прилепува до Робертс со парче накит е импровизирана од Гир, а ненадејното смеење на Џулија е вистинско. Фустанот кој го носеше Робертс на таа сцена се смета за еден од најнезаборавните фустани на сите времиња.

Додека се снимала сцената во која што Робертс пее песна од Принс во кадата, таа се лизга надоу со главата под меурчињата, и откако ја дигна главата со очите отворени сфаќа дека сите присутни си заминале, со исклучок на камерманот којшто ја снимил сцената. Покрај тоа за време на сцените каде што водат љубов, Робертс толку била нерозна што една вена видливо и се појавила на нејзиното чело. Таа исто така добила копривњача и морала да користи лосион за смирување сè со цел снимањето да може да продолжи. Снимањето завршило на 18ти Октомври.

Прифаќање[уреди | уреди извор]

Box office[уреди | уреди извор]

Во првата недела на филмот, Убава жена бил на место број 1 на благајните со заработка од 11.280.591 долари и во просек 8,513 долари за театар. И покрај опаѓањето на филмот на второто место во втората недела, заработката се зголемува на 12.471.670 долари. Филмот остана број еден на благајните цели четири непоследователни недели и меѓу првите десет цели шеснаесет недели. Филмот имаше заработено 178.406.268 долари во САД и 285.000.000 долари во други држави, односно вкупна светска заработка од 463.406.268 долари. Исто така беше на четвртото место на филмови со најголема заработка за годината во САД и трет според заработка во светот.

Критика[уреди | уреди извор]

Филмот доби различни критики од критичарите. Мрежната страница на филмските критичари Роттен Томејтос извести дека 62% од 55 филмски критичари даде позитивен извештај, со просечна оценка 5,7 од 10. Мрежната страница на критичари Метакритик му даде на филмот резултат од 51 врз основа на 17 прегледи. Критичарот Овен Глајберман од Ентертејмент Викли му даде оценка 7 на филмот, во која се наведува дека филмот „започнува како нео-пигмалион комедија“ и со „неговата хероина- проститутка, може да функционира како феминистичка верзија за зголемување на фантазиите на принцезите“ Глејберман исто така рече дека „претендира да ни докаже како љубовта ги победува парите“ и дека тоа „навистина е опседнато со статусниот симбол“. На дваесетгодишнината од филмот, Глајберман напиша друг напис објаснувајќи го неговиот преглед, велејќи дека иако чувствува дека бил во право, денес би дал оценка 9ка. Карина Чокано од „Д Њујорк Тајмс“ вели дека филмот не е љубовна приказна, туку дека е прикана за парите. Нејзината логика зависела од поделеноста помеѓу ликовите и приказната, помеѓу сликте и знањето, помеѓу парите и вредностите и тоа не го направи традиционално туку постмодернистички.

Признанија[уреди | уреди извор]

Награди
Номинации
  • Цезар наградите во 1991
    • Најдобар странски филм
  • 63тото издание на Оскари
    • Најдобра глумица - Џулија Робертс
  • 48то издание на наградите за Златен глобус
  • Награда за најдобро оригинално сценарио во Америка - Џонатан Фредерик Лоутон

Музика[уреди | уреди извор]

Филмот „Убава жена“ е познат по неговата музичка селекција и успешниот тонски запис. Филмот го карактеризира песната „Ох убава жено“ од Рој Орбисон, којшто го инспирирал насловот на филмот. „Мора да е љубов“ од Роксет го достигна врвот на Билборд Хот 100 во јуни 1990 година. Тонскиот запис исто така го карактеризира и „Кинф оф вишфул тинкнг“ од Го Вест, „Покажи ми ја твојата душа“ од Ред Хот Чили Пејперс, „Без објаснувања“ од Питер Кетера, „Дивите жени прават“ од Натали Кол, и „Паднат“од Лорин Вуд. Тонскиот запис трипати беше награден на американското здружение на дискографски куќи.

Операта во филмот е „Травијата“, која што исто послужила како инспирација за дејствието во филмот. Најдраматичниот фрагмент којшто се повторува во филмот е од крајот на „Dammi tu forza“ (Дај ми сила!) од операта. Делот каде што карактерот на Ричард Гир во лобито од хотелот свири на пијано беше компонирано и исполнето од Гир. Џулија Робертс ја пее песната „Бакнеж“ од Принс додека карактерот на Ричард Гир е на телефон. Музиката која што се слуша во позадина е компонирана од Џејмс Њутон Ховард. Композицијата на пијано „Тој спие/ љубовна тема“ е инспирирана од „Трки на улици“ од Брус Спрингстин.

Тонски запис[уреди | уреди извор]

„Pretty Woman“
Податотека:Pretty Woman OST.jpg
Soundtrack од Various artists
ИздаденFebruary 14, 1990
ЖанрPop, Rock
Траење43:36
Издавачка куќаCapitol
 Професионални оценки
Прегледни резултати
Извор Оценка
Allmusic 3/5 ѕвездички link

Тоснскиот запис бил издаден на 14ти Февруари 1990 година.

Список на песни
Бр. Наслов Траење
1. „Wild Women Do“ (performed by Natalie Cole) 4:06
2. Fame '90(performed by David Bowie) 3:36
3. King of Wishful Thinking(performed by Go West) 4:00
4. „Tangled“ (performed by Jane Wiedlin) 4:18
5. It Must Have Been Love(performed by Roxette) 4:17
6. „Life in Detail“ (performed by Robert Palmer) 4:07
7. „No Explanation“ (performed by Peter Cetera) 4:19
8. Real Wild Child (Wild One)(performed by Christopher Otcasek) 3:39
9. „Fallen“ (performed by Lauren Wood) 3:59
10. Oh, Pretty Woman(performed by Roy Orbison) 2:55
11. Show Me Your Soul(performed by Red Hot Chili Peppers) 4:20
Вк. траење:
43:36

Надворешни врски[уреди | уреди извор]

Викицитат има збирка цитати поврзани со: