Прејди на содржината

Трпко Бицевски

Од Википедија — слободната енциклопедија
Трпко Бицевски
Роден Трпко Бицевски
5 март 1938(1938-03-05)(86 г.)
Горно Пожарско, Мегленско, Егејска Македонија
Националност Македонец
Занимање етномузиколог, мелограф и композитор
Роднини Петре Бицевски (брат)

Трпко Ристов Бицевски (5 март 1938, Горно Пожарско, Мегленско) — македонски етномузиколог, мелограф и композитор.[1]

Животопис

[уреди | уреди извор]

Во време на Граѓанската војна во Грција, семејството на Бицевски го напуштило родното село и во 1948 година се доселило во селото Ерџелија, Светиниколско. Основно училиште завршил во Ерџелија, средно музичко училиште во Скопје и во 1967 година дипломирал на Факултетот за музичка уметност, Оддел за музички фолклор, на Белградскиот универзитет. На 25 март 1983 година докторирал на Музичката академија во Скопје на тема „Двогласјето во СР Македонија - архитектоника и ритам во светлината на теоретските музиколошки сознанија.[1]

Две години бил наставник по музичко воспитување во Свети Николе, а по дипломирањето на Музичката академија, остатокот од работниот век го минал како етномузиколог во Институтот за фолклор „Марко Цепенков“ во Скопје во Одделот за народна музика, почнувајќи како стручен соработник напредувал преку научен соработник и виш научен соработник до научен советник. Еден мандат бил и директор на институтот.[1]

Мелографирал над 15.000 македонски народни песни и објавил две монографии и 12 зборници со македонски народни песни од кои 4 во коавторство со д-р Лазо Каровски.[1]

  1. 1,0 1,1 1,2 1,3 Ристовски, Блаже, уред. (2009). „Бицевски“. Македонска енциклопедија. , книга I (А-Љ). Скопје: МАНУ. стр. 166. Text "series " ignored (help)