Петре Бицевски
| Петре Бицевски | ||
| Роден | Петре Бицевски 19 октомври 1939 Горно Пожарско, Мегленско, Егејска Македонија | |
|---|---|---|
| Националност | Македонец | |
| Занимање | раскажувач, романописец, фолклорист и сликар | |
| Роднини | Трпко Бицевски (брат) | |
Петре Ристов Бицевски (р. 19 октомври 1939 во Горно Пожарско, Мегленско, починал 12.12.2025 во Скопје) —македонски раскажувач, романописец, писател за деца, фолклорист и сликар.[1]
Животопис
[уреди | уреди извор]Во време на Граѓанската војна во Грција, семејството на Бицевски го напуштило родното село и во 1948 година се доселило во селото Ерџелија, Светиниколско.[1] Во 1964 година, Петре Бицевски завршил средно земјоделско училиште во Струмица, а во 1968 година ја завршил и Вишата педагошка школа во Скопје.[1] Во периодот 1968-1971, работел како наставник по македонски јазик во Свети Николе, а подоцна се преселил во Скопје, каде работел како наставник во периодот 1971-2000, по што заминал во пензија.[1]
Бицевски е член на Друштвото на писатели на Македонија од 1993 година.[1] Тој се занимавал и со собирање фолклорен и ономастички материјал од Мегленско. Покрај тоа, приредил и две самостојни изложби на слики.[1]
Наводи
[уреди | уреди извор]- 1 2 3 4 5 6 Ристовски, Блаже, уред. (2009). „Бицевски“. Македонска енциклопедија. , книга I (А-Љ). Скопје: МАНУ. стр. 189. Text "series " ignored (help)
|