Тропско овошје
Оваа статија можеби бара дополнително внимание за да ги исполни стандардите за квалитет на Википедија. Ве молиме подобрете ја оваа статија ако можете. |
Тропското овошје успева во тропските предели каде што има доволно топлина и влага. Најзначајни видови тропско овошје се: бананата, ананасот, папаја, авокадо, мангококос, гуава, питаја, киви, маракуја и многу други. Најмногу тропско овошје се одгледува во Бразил, Индија, Панама, Костарика, Индонезија и на островите во Атлантскиот и Тихиот Океан. Тропското овошје е честопати збунето со егзотично овошје, бидејќи се многу слични и дури некои тропски овошја се сметаат како егзотични, но разликата е тоа што тропското овошје е овошје кое расте во топла клима, а егзотично овошје е овошје кое е непознато на повеќето луѓе.
Тропското овошје е богато со витмини и минерали и може да ја збогати исхраната. Зрелите плодови се благи и ароматични, и содржат влакна, киселини и етерично масло. За тропското овошје се карактеристични интензивните бои. Молекулите на боја во растителните намирници ги сочинуваат повеќе од 2000 пигменти кои освен што на овошјето му даваат боја, содржат и јаки антиоксиданси. Колку бојата на овошјето е поинтензивна, поголема е и антиоксидативната моќ.