Маракуја

Од Википедија — слободната енциклопедија
Прејди на: содржини, барај
Маракуја
Passiflora edulis forma flavicarpa.jpg
Цвет на маракујата
Плод на маракујата
Научна класификација
Царство: Растенија
Ред: Малпигиовидни
Семејство: Исусови венци
Род: Исусов венец
Вид: Маракуја
Биномен назив
Passiflora edulis
Sims, 1818

Маракуја или јадлив Исусов венец (науч. Passiflora edulis) — ползечки вид од родот Исусов венец (Passiflora) со потекло од Бразил, Парагвај и северна Аргентина.

Се одгледува како ароматично овошје во тропските и суптропските краишта, како и Јужна Америка, Средна Америка, Карибите, Африка (каде се нарекува виолетова гранадила), јужна Азија, Израел, Австралија, Хаваи (каде се нарекува лиликои)[1] и САД.

Плодот е топчест до јајцевиден, жолт или темновиолетов по боја со сочна внатрешност и поголем број семки.[2][3] Се јаде самостојно, но и се додава во сокови како додаток за вкус.[4]

Разновидности[уреди | уреди извор]

Постојат неколку различни разновидности на маракуја со различен изглед.[2] Светложолтата flavicarpa (наречена „златна маракуја“) може да достигне големина на грејпфрут, има мазна и сјајна ровка кора, и во Австралија се користи како присад за виолетовата маракуја.[2] Темновиолетовата edulis е помала од лимон, помалку кисела од жолтата и има побогата арома и вкус.

Неколку разновидности се богати со полифенол,[5][6] а жолтите[7]}} содржат пруназин и други цијаногени гликозиди во лушпата и сокот.[7]

Употреба[уреди | уреди извор]

Mасло[уреди | уреди извор]

Од семките на маракујата се добива масло кое содржи линолна киселина (77%), олеинска киселина (15%) и палмитинска киселина (10%). Наоѓа различни примени во производството на козметика и во исхраната.

Хранлива вредност[уреди | уреди извор]

Маракуја, виолетова, сирова
Витамин А (еквив.) 64 μг (8%)
- бета-каротен 743 μг (7%)
Рибофлавин (Вит. Б2) 0,13 мг (0%)
Ниацин (Вит. Б3) 1,5 мг (0%)
Витамин Б6 0,1 мг (0%)
Фолат (Вит. Б9) 14 μг (4%)
Холин 7,6 мг (0%)
Витамин Ц 30 мг (36%)
Витамин К 0,7 μг (0%)
Калциум 12 мг (1%)
Железо 1,6 мг (0%)
Магнезиум 29 мг (8%)
Фосфор 68 мг (10%)
Калиум 348 мг (7%)
Натриум 28 мг (2%)
Цинк 0,1 мг (0%)
На базата на USDA
Постотоците се според препораките за возрасни во САД
 Извор: База за хранливостUSDA

Свежата маракуја содржи витамин Ц (36%), прехранбени влакна (42%), Б-витамините рибофлавин (11%) и ниацин (10%), железо (12%) и фосфор (10%) како значаен дел од дневната вредност.[8]

Галерија[уреди | уреди извор]

Поврзано[уреди | уреди извор]

Белешки[уреди | уреди извор]

Наводи[уреди | уреди извор]

  1. Mary Kawena Pukui and Samuel Hoyt Elbert (2003). [http://wehewehe.org/gsdl2.85/cgi-bin/hdict?a=q&j=pk&l=en&q=lilikoi „определница lilikoi “]. ''in Hawaiian Dictionary. Ulukau, the Hawaiian Electronic Library, University of Hawaii Press. http://wehewehe.org/gsdl2.85/cgi-bin/hdict?a=q&j=pk&l=en&q=lilikoi. конс. 2 ноември 2014 г. 
  2. 2,0 2,1 2,2 Morton JF (1987). „Passionfruit, p. 320–328; In: Fruits of warm climates“. NewCrop, Center for New Crops & Plant Products, Department of Horticulture and Landscape Architecture at Purdue University, W. Lafayette, IN, USA. https://www.hort.purdue.edu/newcrop/morton/passionfruit.html. конс. 1 јули 2014 г. 
  3. Boning, Charles R. (2006). Florida's Best Fruiting Plants: Native and Exotic Trees, Shrubs, and Vines. Sarasota, Florida: Pineapple Press, Inc.. стр. 168–171. 
  4. Passiflora edulis Sims“. Germplasm Resources Information Network. United States Department of Agriculture. 25 јуни 2007. http://www.ars-grin.gov/cgi-bin/npgs/html/taxon.pl?26962. конс. 7 јануари 2010 г. 
  5. Talcott ST, Percival SS, Pittet-Moore J, Celoria C. Phytochemical composition and antioxidant stability of fortified yellow passion fruit (Passiflora edulis). „J Agric Food Chem“ том  51 (4): 935–41. doi:10.1021/jf020769q. PMID 12568552. 
  6. Devi Ramaiya S, Bujang JS, Zakaria MH, King WS, Shaffiq Sahrir MA. Sugars, ascorbic acid, total phenolic content and total antioxidant activity in passion fruit (Passiflora) cultivars. „J Sci Food Agric“ том  93 (5): 1198–1205. doi:10.1002/jsfa.587. PMID 23027609. 
  7. 7,0 7,1 Chassagne D, Crouzet JC, Bayonove CL, Baumes RL. Identification and Quantification of Passion Fruit Cyanogenic Glycosides. „J Agric Food Chem“ том  44 (12): 3817–3820. doi:10.1021/jf960381t. 
  8. „Nutrition facts for Passion-fruit, (granadilla), purple, raw, 100 g“. USDA Nutrient Data, SR-21. Conde Nast. http://nutritiondata.self.com/facts/fruits-and-fruit-juices/1987/2. конс. 2 април 2013 г. 

Надворешни врски[уреди | уреди извор]