Тревор Мбакве
Тревор Мбакве | |
---|---|
Позиција | центар |
Висина | 2,07 м |
Тежина | 111 кг |
Лига | Серија А |
Клуб | Ауксилиум Торино |
Број | 32 |
Роден | 24 јануари 1989 Сент Пол, Минесота, САД |
Националност | САД Нигерија |
Драфт | 2013 / Не драфтуван |
Проф. кариера | 2013– |
Клубови | |
2013–2014 | Виртус Рома |
2014-2015 | Брозе Бамберг |
2015-2016 | Макаби Тел Авив |
2016-2017 | Зенит Ст. Петербург |
2017- | Ауксилиум Торино |
Репрезентација | |
Инфо од: 11.10.2017. |
Тревор Мбакве (роден на 24 јануари 1989 во Сент Пол) е американски кошаркар, центар на Ауксилиум Торино.
Тој исто така има нигериско државјанство и има право да настапува за нигериската репрезентација.
Кариера[уреди | уреди извор]
Колеџ[уреди | уреди извор]
Пред да присуствува на Универзитетот во Минесота, Мбакве играл на Универзитетот Маркет за сезоната 2007-2008 каде што страдал од хронични повреди на коленото. За сезона 2008-2009, тој се префрлил на Колеџот Мајами Дејд и го предводел својот тим на до титулата на јужната конференција. За сезоната 2009-2010 тој се префрлил на Универзитетот во Минесота каде се истакнал со бројот на скокови, запишувајќи 10.5 скока по натпревар и исто така завршил на третото место на вечната листа по бројот на остварени скокови на Универзитетот Минесота со вкупно 327 скокови.
Професионална кариера[уреди | уреди извор]
Во јули 2013 година, Мбакве го потпишал својот прв професионален договор и тоа со италијанската екипа Виртус Рома.[1][2] На 22 август 2013 година официјално било потврдено дека Мбакве потпишал договор за сезоната 2013-2014.[3]
После одличната сезона во Виртус Рома со просек од 10.6 бода и 10.1 скокови по натпревар, на 6 јули 2014 Мбакве потпишал договор со германскиот клуб Бамберг за сезоната 2014-2015.[4] Тој одиграл 41 натпревар за Бамберг во Бундеслигата со просек од 10.3 бода 7.4 скокови помагајќи му на Бамберг да ја освои титулата.
На 1 јули 2015 година, тој потпишал тригодишен договор со израелскиот клуб Макаби Тел Авив,[5] меѓутоа после само една сезона, тој се разделил со Макаби. На 6 јули 2016, Мбакве потпишал едногодишен договор со шпанскиот клуб Уникаха,[6] но два месеци подоцна, клубот го раскинал договорот откако тој неуспеал да ги помине медицинските тестови.[7] Пропаднатиот трансфер во Уникаха го искористил рускиот Зенит Санкт Петербург кој на 3 ноември 2016 потпишале договор со Мбакве.[8] На 6 јуни 2017 година, Зенит објавиле крај на нивната соработка со играчот.
На 27 јули 2017, Мбакве се вратил во Италија потпишувајќи договор со екипата на Ауксилиум Торино.[9]
Титули[уреди | уреди извор]
Бамберг[уреди | уреди извор]
- Германско првенство (1) : 2014-2015
Макаби Тел Авив[уреди | уреди извор]
- Куп на Израел (1) : 2016
Наводи[уреди | уреди извор]
- ↑ „Mbakwe signs with Italian club Virtus Roma“. mndaily.com. Посетено на 21 August 2013.
- ↑ „Virtus Roma agreed to terms Trevor Mbakwe“. Sportando.net. Посетено на 21 August 2013.
- ↑ „Virtus Roma officially signs Trevor Mbakwe“. Sportando.net. Посетено на 22 August 2013.
- ↑ „Brose Baskets verpflichten Trevor Mbakwe“. brosebaskets.de (германски). Посетено на July 6, 2014.
- ↑ „Trevor Mbakwe Signs with Maccabi“. maccabi.co.il. Посетено на July 1, 2015.
- ↑ „Trevor Mbakwe announced by Unicaja Malaga“. Eurohoops.net. July 6, 2016. Посетено на July 6, 2016.
- ↑ „Trevor Mbakwe deja el Unicaja al no superar test médico“ (шпански). unicajabaloncesto.com. September 8, 2016. Архивирано од изворникот на 2016-09-19. Посетено на September 8, 2016.
- ↑ „Zenit St. Petersburg lands Trevor Mbakwe“. Sportando.com. November 3, 2016. Посетено на November 3, 2016.
- ↑ „FIAT Turin lands rebounding ace Mbakwe“. eurocupbasketball.com. July 27, 2017. Архивирано од изворникот на 2017-11-14. Посетено на July 27, 2017.