Торта Мимоза

Од Википедија — слободната енциклопедија
Торта Мимоза
Видторта
Место на потеклоИталија
Главни состојкишеќер, јајце, брашно, ванила, шлаг крем, пандишпан, Марсала

Тортата Мимоза (италијански: torta mimosa) е италијански десерт првпат создаден во Риети во 1950-тите.[1] Името го даваат малите парчиња пандишпан расфрлани по површината, кои по форма наликуваат на цветови од мимоза. Благодарение на поврзаноста на цветот со Меѓународниот ден на жената, тортата често се користи и за да се прослави оваа прилика.

Потекло на тортата[уреди | уреди извор]

Рецептот го измислил Аделмо Ренци, готвач од Сан Филипо ди Контиљано, кој поседувал ресторан во центарот на Риети, град во Лацио. Тортата станала позната во мај 1962 година, кога готвачот учествувал на конкурс за колачи во Санремо, за време на кој ја претставил Мимозата како почит на градот на цвеќињата и бил победник. Оригиналниот рецепт што го користел Ренци, сепак, никогаш не е откриен.[2]

Состав и подготовка[уреди | уреди извор]

Споредбата на тортата со мимозата е поврзана со нејзиниот изглед, формиран од парчиња пандишпан поставени на тортата за да се потсети на обликот на цветот на мимозата. Подготовката бара сечење хоризонтално парче пандишпан и отстранување на внатрешниот дел, кој потоа целосно се распаѓа и се користи за да се создаде „ефект на мимоза“.

Пандишпанот може да се натопи во сладок ликер, како што се Марсала или Марашино, или во сок од ананас. Филот се состои од крем, со можно додавање на шлаг или џем. Се користи и свежо овошје или конзервирано овошје.

Може да се користи малку куркума за да се засили бојата на пандишпанот што треба да се расфрлаат по површината, иако тоа не е строго неопходно.[3]

Наводи[уреди | уреди извор]

  1. „Torta Mimosa, il fiore più dolce che c'è“. La Cucina Italiana (италијански). 2021-03-03. Посетено на 2022-04-26.
  2. „Rieti, la mimosa dello chef Renzi rilanciata dalla televisione giapponese“. www.ilmessaggero.it (италијански). 2015-03-06. Посетено на 2022-04-26.
  3. „Torta mimosa“. Casa e Giardino (италијански). 2022-03-06. Посетено на 2022-04-26.