Шлаг

Од Википедија — слободната енциклопедија
Шлаг

Шлаг e производ што се добива со мешање на белките со шеќерот[1] или слатка павлака, или исто така мешање на млекото со прашокот за шлаг.[2] Денес можe да се купи готов шлаг крем замрзнат или во форма на спреј во шише. Шлагот може да се користи како самостоен десерт или како додаток на кафе, овошни салати или за декорација на торти и колачи.

Начин на подготовка[уреди | уреди извор]

Шлагот обично има 36-45% млечни масти. За матење на шлагот се користи електричен или рачен миксер.

Со цел да се добие светол шлаг крем или што повеќе волумен се става слатка павлака. Пред матење треба да додадете малку сол за да се забрза трансформацијата на слатката павлака за шлаг крем, а потоа додадете шеќер во прав за да добиете подобар вкус. Кога ќе се достигне саканата цврстина на шлагот, се додава ванила или цимет во прав за да се добие саканиот вкус, а може да се додаде рендано чоколадо и слично.

Наводи[уреди | уреди извор]

  1. Srbija, Dr.Oetker d.o.o. „Šlag krem beli sa ukusom slatke pavlake 500 g | C Slatka tradicija“ (англиски).
  2. Milan, Vujaklija (2006). Leksikon stranih reči i izraza (9. izd. изд.). Beograd: Prosveta. OCLC 150305808. ISBN 978-86-07-01677-8.

Надворешни врски[уреди | уреди извор]