Тони Гатлиф
Tony Gatlif | |
---|---|
Tony Gatlif in 2016 | |
Роден(а) | 10 септември 1948 Algiers, French Algeria |
Занимање | Film director, producer, screenwriter and actor |
Тони Гатлиф (роден како Мишел Дахмани на 10 септември 1948 година во Алжир) е француски филмски режисер од ромска националност, кој исто така работи како сценарист, композитор, актер и продуцент.
Биографија
[уреди | уреди извор]Гатлиф е роден во Алжир и припаѓа во група на оние луѓе на француско и друго европско потекло кои се родени во Алжир во текот на периодот на француското владеење 1830-1962, (Pieds-Noirs). По неговото детство таму, Гатлиф пристигнал во Франција во 1960 година по Алжирската војна за независност.
Кариера
[уреди | уреди извор]Гатлиф со години се борел да влезе во филмската индустрија, играјќи во неколку театарски продукции сè додека не го режирал својот прв филм „ Главата во урнатини“ (La Tête en ruine), во 1975 година. По него следувал филмот (La Terre au ventre) во 1979 година, приказна за Алжирската војна за независност.
Од 1981 година во филмот „Трчај циганко“ (Corre, gitano), работата на Гатлиф е насочена кон ромскиот народ во Европа, од кого тој делумно го следи потеклото.
Откако ги направил „Гаспард и Робинсон“ (Gaspard et Robinson) во 1990 година, Гатлиф ги поминал 1992 и 1993 година во снимањето на „Лачо Дром“ (Latco Drom),кој бил награден со бројни награди. Овој долгометражен музички филм, честопати лошо обележан како документарен филм, се занимавал со циганската култура низ целиот свет околу темата на нивната музика и танц. За Винсент Остриа, тогашен новинар во Кахиер ду Синема, тој бил „најоригиналниот филм на годината (белешка за уредникот од 1993 година)“. Една година подоцна, Гатлиф го донел на светот, авторот Ж.М.Г Ле Клезио на екранот во Мондо (1994).
Неговиот филм „Прогнаници“ (Exils) од 2004 година, ја освоиl наградата за најдобар режисер на Канскиот филмски фестивал 2004 година. Неговиот филм „Трансилванија“ (Transylvania) исто така, имал премиера во Кан во мај 2006 година.[1]
Филмографија
[уреди | уреди извор]Сценарист
[уреди | уреди извор]- Бес во тупаница (1975)
Режисер и сценарист
[уреди | уреди извор]- Главата во урнатини (1975)
- Земјата во стомакот1978)
- Трчај циганко (1981)
- Пејте Цигани (1981)
- Кнезовите (1982)
- Почеток на улицата (1985)
- Не плачи љубов моја (1989)
- Гаспард и Робинсон (1990)
- Лачо Дром (1993)
- Мондо (1995)
- Гаџо дило (1997)
- Роден сум од штрк (1998)
- Дојди (2000)
- Замав (2001)
- Прогонства (2004)
- Трансилванија (2006)
- Коркоро (2009)
- Индигнадос (2012)
- Жеронимо (2014)
- Djam (2017)
- Том Медина (претстои) [2]
Користена литература
[уреди | уреди извор]
- Оваа статија се заснова на превод на соодветната статија од француската Википедија, преземена на 17 јули 2005 година.
Надворешни врски
[уреди | уреди извор]- Тони Гатлиф на Семрежната филмска база на податоци (англиски)
- Интервју (на француски) Архивирано на 4 септември 2010 г.
- ↑ „Festival de Cannes: Transylvania“. festival-cannes.com. Архивирано од изворникот на 2011-08-22. Посетено на 2009-12-18.
- ↑ Laurent Rigoulet (2020-06-19). „"Tom Medina", le dernier tournage de Tony Gatlif ?“. Télérama. Посетено на 2020-06-23.