Прејди на содржината

Томислав Иванов

Од Википедија — слободната енциклопедија
Томислав Иванов
Роден 1929
Прилеп, Кралство Југославија
Починал 1993
Скопје, Македонија
Националност Македонец
Занимање геолог

Томислав Иванов (роден во 1929 година во Прилеп - починал во 1993 година во Скопје) — македонски геолог.[1]

Животопис

[уреди | уреди извор]

Томислав Иванов дипломирал на Рударско-геолошкиот факултет во Белград (1954). Својата кариера ја започнал во Геолошкиот завод на СРМ. Во 1965 г. ја одбранил докторската дисертација на Рударско-геолошкиот факултет во Белград, на тема: „Металогенијата на јужниот дел на Вардарската зона” и бил избран за доцент на Технолошко-металуршкиот факултет во Скопје. Во периодот 1969–1973 г. работел како експерт и консултант на проектите на Обединетите нации за истражување на минерални суровини во Египет. Во 1977 г. бил член на Матичната комисија за основање на РГФ во Штип и е првиот избран редовен професор. Во два мандата бил избиран за декан на Рударско-геолошкиот факултет во периодот 1983–1986 г. Автор на повеќе научни трудови. Го открил наоѓалиштето ’Ржаново.

  1. Ристовски, Блаже, уред. (2009). „Иванов“. Македонска енциклопедија. , книга I (А-Љ). Скопје: МАНУ. стр. 585. Text "series " ignored (help)