Прејди на содржината

Тетовски древности

Од Википедија — слободната енциклопедија
Тетовски древности
Корицата на „Тетовски древности“
АвторДарко Гавровски
Изворен насловТетовски Древности - Полог од Праисторијата до 7.век н.е., со посебен осврт на тетовскиот крај
Изработувач на
корицата
Дарко Гавровски
ЗемјаМакедонија
Јазикмакедонски
СеријалТајните на Тетово
ЖанрЕнциклопедија
ИздавачДарко Гавровски
Издадена
6 февруари 2009
Страници221
ISBN978-9989-730-27-6
Следна'Тетовскиот говор 

„Тетовски древности - Полог од праисторијата до 7 век н.е. со посебен осверт на тетовскиот крај“ ― прва сеопфатна и детална енциклопедија за периодот на праисторијата и антиката (сè до 7.век) во Тетовско и Полог воопшто.[1][2]

Во оваа книга се дава детален приказ на историските податоци, наодите, наоѓалиштата и раните етнолошки процеси во каменото време, металното време, раната антика, римскиот период и доцната антика.

Објавена е во 2009 година од авторот и долгогодишен истражувач на тетовското минато Дарко Гавровски.[3] Гавровски е автор и на енциклопедијата „Тетовскиот говор - Енциклопедиски речник и граматика на тетовскиот градски говор со етнолошки и историски осврти“ објавена во 2020.[4]

Содржина на енциклопедијата

[уреди | уреди извор]
  • За најстарите наоди од Тетовско кои потекнуваат од 6.100-та година п.н.е., и за најстарите праисториски културни групи, карпеста уметност;
  • Етнографската структура на населението и за племето Агријани кои го населувале овој крај, сите племиња, освојувања, политичките промени;
  • Сè за митолошкото значење на Менадата, градот Пелагија (Полог), власта на Римјаните, сите ранохристијански базилики и почетоците на христијанството во Полог, војнички фибули, антички клучиња, стрели, монети...
  • Приложени карти во боја со буквално сите регистрирани археолошки наоѓалишта од праисторијата и посебно од антиката од тетовскиот крај;
  • Посебна детална листа на секој локалитетет (со описи, планови на наоѓалиштето, одлики, фотографии) ...
  • Кои се најстарите наоди од тетовско кои потекнуваат од 6.100-та година пне, кои докажуваат за постоењето на континуиран живот во Полог веќе над 8100 години
  • Кои се најстарите праисториски културни групи кои го населувале овој крај (со посебна карта во боја);
  • Кои и каде се најпознатите наоѓалишта на праисториска карпеста уметност во Тетовско;
  • Карти во боја со посебни легенди за буквално сите регистрирани археолошки наоѓалишта од праисторијата и посебно од антиката од тетовскиот крај;
  • Сè за најстарите праисториски артефакти: познатиот неолитски жртвеник од Стенче, архајскиот бронзен меч од Тетово од 15 век пне, питосите од Ларце.
  • Сè за етнографската структура на населението на овие простори низ антиката. Теориите за племето Пенести и градот Оенеј, Агријаните, Дарданците (сето претставено на карта во боја);
  • Дека Полог во раната антика бил населуван од најсеверното античко-македонско племе – Агријани. Сè за ова племе, историографија, монети и нивното учество во борбите на Александар Македонски во походот кон Индија;
  • Ексклузивна карта во боја: целата античка историја на Македонија со сите племиња, освојувања, политичките промени од 8.до 1. век пне (за прв пат во македонската историографија на една карта претставени порегледно 7 века на античко-македонската историја);
  • Дали најстариот антички град во Полог е Пелагија – независен град-држава од кого се најдени доста монети и од кого веројатно потекнува и денешниот назив на котлината Полог;
  • Сè за митолошкото значење на Менадата, каде се наоѓала познатата кнежевска гробница во Тетово каде што е пронајдена познатата тетовска статуетка- денес симбол на градот;
  • Како Полог подпаѓа под власта на Дарданците и подоцна под власт на Римјаните?
  • Претставени се сите ранохристијански базилики и почетоците на христијанството во Полог (планови, најстарите крстиња, наоѓалишта...);
  • Посебна детална листа со опис на секој локалитетет (со описи, планови на наоѓалиштето, одлики, фотографии);
  • Сите значајни антички наоди- Статуата на Херкуланка од Трајановиот период, фигурата на Меркур од Челопек, војнички фибули, антички клучиња, стрели, монети...

Од стручната рецензија на рецензентот: д-р Драгиша Здравковски

[уреди | уреди извор]

Тетовски древности - Полог од праисторијата до 7 век н.е. со посебен осврт на тетовскиот крај“ е најново енциклопедиско издание за историјата на Тетово и Полог воопшто. Оваа книга на тетовскиот автор Дарко Гавровски, донесува досега непознати и ексклузивни податоци за корените, за развојот, за зачетоците на историјата на просторите на северозападна Македонија со посебен акцент на тетовското поднебје. Авторот на многу едноставен и разбирлив јазик го доближува минатото до обичниот читател низ детална историја за Менадата, за античките племиња кои го населувале овој крај, сите наоди низ фотографии, планови на наоѓалишта, племињата, за зачетоците на најраното христијанство. и буквално секој нов податок до кој можел да дојде авторот, а се однесува на временската рамка од праисторија, преку антиката па сè до периодот на доаѓањето на Словените на овие простори кон крајот на 6. и почетокот на 7. век н.е. Книгата е со многу фусноти и користена литература, а научната вредност ја потврдува и стручната рецензија на еден од најпознатите македонски археолози.

Технички детали

[уреди | уреди извор]

Ова дело е плод на децениско истражување на авторот и е целосна сублимација на праисторијата и антиката во Полог и особено Тетовско. Сево ова е опфатено на скоро 220 страни богат материјал, во голем Б5 формат (16,5 х 23,5 см) поддржан со:

  • 9 историски карти целосно изработени од авторот и за прв пат публикувани овде, со посебен показател на карти на крајот на книгата каде е објаснет начинот на нивна изработка;
  • 13 врамени текстови (text box-ови) со посебен освр за одредени прашања;
  • над 100 фотографии на наоди, наоѓалишта (од кои повеќето во боја) и планови на наоѓалишта;
  • над 420 фусноти и белешки, со детална анализа на севкупниот материјал, битни за потврдување и проверка на податоците од идни истражувачи;
  • посебен индекс (показател) на сите лични и географски имиња користени во оваа книга;
  • резиме на книгата на 4 јазици: македонски, англиски, албански и турски јазик.
  • за издавање на книгата користени се преку 350 наслови на книги, стручна периодика, компакт дискови, интернет страни, необјавена граѓа– сите тие детално прочешлани и буквално сè што се однесува на Тетовско од праисторијата и антиката, а е пронајдено согласно до издавањето на делото - е поместено во оваа книга
  1. Гавровски, Дарко (2009). „„Тетовски древности" - ISBN 978-9989-730-27-6“. gavro.com.mk. Архивирано од изворникот на 2021-02-25. Посетено на 2021-06-04.
  2. „„Тетовски древности" во библиотечната база на податоци на COBISS“. Архивирано од изворникот на 2021-06-04. Посетено на 2021-06-04.
  3. „Дарко Гавровски: Локалната историја е неисцрпен извор за истражување …“. archive.is. 2021-05-06. Архивирано од изворникот на 2021-05-06. Посетено на 2021-06-04.CS1-одржување: бот: непознат статус на изворната URL (link)
  4. Гавровски, Дарко (2020). „„Тетовскиот Говор" - ISBN 978-608-245-615-7“. gavro.com.mk. Архивирано од изворникот на 2020-11-23. Посетено на 2021-06-04.

Надворешни врски

[уреди | уреди извор]