Тереза од Саксо-Хилдбургхаузен

Од Википедија — слободната енциклопедија
Прејди на прегледникот Прејди на пребарувањето
Тереза од Саксо-Хилдбургхаузен
Therese of Saxe-Hildburghausen, by Joseph Stieler.jpg
Портрет од Јозеф Карл Штилер, 1826 година
Сопруга на кралот на Баварија
На престол 13 октомври 1825 - 20 март 1848
Сопружник Лудвиг I од Баварија
Полно име
македонски: Тереза Шарлотa Луиза од Саксонија-Хилдбургхаузен
германски: Therese Charlotte Luise of Saxony-Hildburghausen
Татко Фредерик, војвода од Саксо-Алтенбург
Мајка Војвотка Шарлот Георгин од Мекленбург-Стрелиц
Роден(а) 8 јули 1792
Штрауфхајн, Саксонија-Хилдбургхаузен
Починал(а) 26 октомври 1854 (возр. 62)
Минхен, Кралство Баварија
Вероисповед Лутеранство

Тереза Шарлотa Луиза од Саксонија-Хилдбургхаузен (8 јули 1792 26 октомври 1854) — кралица на Баварија како сопруга на кралот Лудвиг I. Во 1809 година, таа била на списокот на можни невести за Наполеон, но на 12 октомври 1810 година се омажила за баварскиот престолонаследникот Лудвиг. Нивната венчавка беше повод на првиот Октоберфест. Таа стана кралица во 1825 година. За време на бројните љубовни врски на нејзиниот сопруг, Тереза страдаше, но ја толерираше ситуацијата.

Тереза честопати помагаше во управувањето на Кралството Баварија, особено кога Лудвиг отсуствуваше од Минхен за време на неговите бројни патувања, и таа имаше големо политичко влијание и учествуваше во решавањето на политичките прашања. Таа беше многу популарна меѓу поданиците и се сметаше дека отелотворува идеална слика за кралица, сопруга и мајка.