Марија Тереза од Австрија-Есте
Марија Тереза од Австрија-Есте | |
---|---|
![]() | |
Кралицата Марија Тереза ц. 1910–15 | |
На престол | 5 ноември 1913 - 7 ноември 1918 |
Сопружник | Лудвиг III од Баварија |
Полно име | |
македонски: Марија Тереза Хенриет Доротеа од Австрија-Есте германски: Maria Theresa Henriette Dorothea of Austria-Este | |
Татко | Надвојвода Фердинанд Карл Виктор од Австрија-Есте |
Мајка | Надвојводка Елизабета Франциска од Австрија |
Роден(а) | 2 јули 1849 Брно, Австриско Царство |
Починал(а) | 3 февруари 1919 (возр. 69) Чимгау, Баварија, Вајмарска Република |
Вероисповед | Римокатоличка црква |
Марија Тереза Хенриет Доротеа од Австрија-Есте (2 јули 1849 - 3 февруари 1919) — последната кралица на Баварија. Таа беше единственото дете на надвојводата Фердинанд Карл Виктор од Австрија-Есте и надвојводката Елизабета Франциска од Австрија. На 20 февруари 1868 година се омажи за принцот Лудвиг, најстариот син на баварскиот принц регент Луитполд, во Виена. Нивната одлука да се венчаат првично го налути царот на Австрија, кој сакаше таа да се омажи за Фердинанд IV, големиот војвода од Тоскана.
Марија Тереза стана кралица на Баварија во 1913 година кога нејзиниот сопруг се прогласи за крал, како крал Лудвиг III наместо неговиот жив, но луд братучед кралот Ото. Таа стана првата католичка кралица на Баваријаоткако Баварија стана кралство 1806 година. Зборувала германски, унгарски, чешки, француски и италијански јазик.
|