Тераса (стадион)

Од Википедија — слободната енциклопедија

Тераса во контекст на спортски стадион се однесува на традиционалните трибини за стоење, особено во Обединетото Кралство и Ирска. На стадионите во САД на кои се игра бејзбол, тераса е дел од стадионот кој се има само декоративна функција.

Најчесто терасата се состои од серија бетонски скали на кои навивачите можат да стојат и да ги гледаат натпреварите.

Историја[уреди | уреди извор]

Важноста на терасите најмногу се гледа во фудбалот. На фудбалските стадиони тие беа сместени позади головите и претставуваа поевтина опција, споредено со трибините на кои беа поставени седишта и се наоѓаа по должината на теренот. Логично, цената за стоење на терасата беше помала од онаа за седење на трибината, што доведе тие да им станат омилени места за гледање на тинејџерите и на младите припадници на работната класа.

На почетокот на дваесеттиот век, терасите претставуваа обични земјени насипи (често создадени од купови градежен шут). Најчесто на насипите се ставаа железнички прагови за навивачите да имаат нешто тврдо за стоење.

Пропаднатата тераса на Иброкс

Во почетокот на векот на повеќето стадиони во Британија како подлога за навивачите беа користени дрвени скалила. Но кога во 1902 на Иброкс Парк на натпревар помеѓу Шкотска и Англија една таква тераса попушти, несреќа во која загинаа 25 навивачи а 517 беа повредени,[1] веднаш беше поставена забрана на дрвени конструкции наменети за навивачи. Со влдина одлука беше донесено дека сите тераси мора да имаат цврста градба поставена на земјен насип.

Земјените трибини набрзо беа заменети од бетонски, засилени со метални греди за да се спречи попуштање на бетонот. Пример за ваква тераса има на Каткин Парк во Глазгов, кој сега е напуштен.

Терасите беа многу популарни, особено од дваесеттите до осумдесеттите и нивната поврзаност со работната класа доведе до нивното именување од страна на навивачите кои стоеја на нив. Најкористеното име беше Спион Коп, именувана по Битката на Спион Коп во Бурската Војна во Јужна Африка во 1902 помеѓу Британците и Бурите. Арсенал ФК беа првиот тим кој го прифати ова име, но сепак попозната е трибината Коп на Енфилд Роуд. Ливерпулскиот Коп најголемата популарност ја доби во шеесеттите кога илјадници ливерпулќани пееја во ритамот на хитовите на Битлс. Мнозинството од клубовите во Англија, а и пошироко почнаа да ја именуваат најпопуларниот крај на стадионот како Коп, дури и ако тој веќе имаше друго име, пример за ова е Холт Енд на Вила Парк, стадионот на Астон Вила. Најзначаен исклучок на оваа појава е Евертон ФК чие силно соперништво со соседите Ливерпул е причината поради која ни клубот ни навивачите не би рекле дека Гудисон Парк има Коп.

Очигледната предност за клубовите е што терасата може да собере многу повеќе навивачи отколку трибината. Затоа не е изненадувачки фактот дека рекордите за посетеност на многу клубови се поставени од триесеттите до раните шеесетти.

На почетокот, во дождливи денови мокрите, дрвени, железнички прагови беа причина за многу падови и повреди, што доведе до нивно заменување со бетонски. Но сепак најлошата несреќа се случи на Бурнден Парк стариот стадион на Болтон. На 9 март 1946 на натпреварот од шестата рунда на ФА Купот против Стоук Сити, преголемата гужва доведе до смртта на 33 навивачи на домашниот тим, причина за нивната смрт беше задушување. Стотици други беа повредени во публиката проценета на над 85000 луѓе (на стадион кој не би требало да има повеќе од 60000).[2] Оваа беше најлошата несреќа во Британскиот фудбал сè до втората несреќа на Иброкс во 1971.

По оваа катастрофа имаше истрага и беше подготвен специјален извештај, во кој се препорачуваше ограничување на бројот на публиката.[3] Вистинско чудо е фактот што ваква несреќа се случи само еднаш, во време кога подавањето на онесвестен навивач преку главите на другите за да може да му се даде лекарска помош не беше реткост.

До седумдесеттите, поевтините билети значеа дека навивачите можат да го придружуваат својот тим на гостинските натпревари, при што беше општа практика меѓу младите гостински навивачи да ја „освојат терасата“. Ова се изведуваше така што големи групи на гостински навивачи се инфилтрираа во популарната тераса на домаќинот со цел да ја преземат, при што речиси секогаш доаѓаше до насилство. Ова доведе до поделба на навивачите на стадионите и беше една од причините за поставување на високи огради и кафези на некоитераси во Англија (на некои стадиони, како на пример Хајбери никогаш не беше поставена ограда).

За жал ова беше една од причините за најлошата фудбалска катастрофа во Англија, кога премногу навивачи пробаа да се напикаат во еден кафез на стадионот Хилзборо во Шефилд што резултираше со смртта на 96 навивачи на Ливерпул. По оваа случка, во извештајот на Трјлор беше предложено да се отстранат терасите и да се заменат со трибини на сите големи стадиони во Британија. Денес сите стадиони во главните натпреварувања во Британија се целосно опремени со седишта, иако сè уште можат да се видат тераси на стадионите во помалите лиги.

Во моментов има голема побарувачка за враќање на терасите, врз основа на модерните стадиони во Германија и други Европски земји, наречени делови за „безбедно стоење“.

Ирска[уреди | уреди извор]

Поглед од Хил 16 на Крок Парк

Во Ирска терасите се сѐ уште вообичаена глетка по стадионите на кои се игра фудбал, рагби и галски спортови. Терасите во Ирска, за разлика од оние во Британија не беа подложни на насилство, разделување на навивачите или Тејлоровиот извештај и затоа опстанаа до денес, и ги има на сите стадиони во Ирска. Хил 16 (Рид 16) е една од најпознатите тераси во Ирска.

Наводи[уреди | уреди извор]

  1. Sheils, Robert (November 1998). „The fatalities at the Ibrox disaster of 1902“ (PDF). The Sports Historian. British Society of Sports History. 18 (2): 148–155. Архивирано од изворникот (PDF) на 2012-04-26. Посетено на 2008-05-02. Text "authorlink Robert Sheils" ignored (help)
  2. „Burnden Park disaster“. Архивирано од изворникот на 2008-05-08. Посетено на 2008-05-02.
  3. MSN Encarta entry on disaster Архивирано на 17 јуни 2008 г. (Subscription needed)