Тврдина Хртар

Од Википедија — слободната енциклопедија
Прејди на прегледникот Прејди на пребарувањето

Тврдина Хртар се наоѓа 13 километри северно од Вишеград во Република Српска, БиХ.[1] Сместена е на двете страни на реката Дрина при што позначајна е фортификацијата на десниот брег. Основна намена на Хртар е заштита на тамошниот премин преку поплиткиот дел на коритото на Дрина. На левиот брег на Дрина се остатоците од тврдината со најмалку две кули, а која го контролирала и патот кон Жепа, низводно низ Дрина. На десниот брег на Дрина, високо на гребенот се остатоци од бедем и три тркалезни кули. Во рамките на бедемот се наоѓаат остатоци од долгнавестата зграда која најверојатно служела за сместување на екипажот. Најголемата кула имала пречник од околу 7,7 метри, а дебелината на ѕидот околу 1 метар. На таа страна се наоѓаат неколку помали пештери, а најниската е користена како складиште и простор за надгледување на преминот на Дрина. Хртар не е археолошки истражен.[2]

Не е познато кога е изградена тврдината Хртар. Припаѓала на благородниците Павловиќи. Тврдината е дел од нивниот одбранбен комплекс на Дрина. Покрај Вишеград, десет километри северно од Хртар, во близина на устието на Жепа во Дрина, е Вратар, на исток Добрун, а јужно, на устието на Лим во Дрина е тврдината Бродар.[3]

Во Хртар е седиштето на нахијата која се споменува од 1469 година до XVIII век. Тука Османлиите затекнале плоштад (со 81 семејство и 20 неоженети) и скеле.[4]

Наводи[уреди | уреди извор]

  1. Репортажа: Стари град Хртар на Дрини, www.palelive.com, Приступљено 23. новембра 2017. године (српски)
  2. Павле Анђелић, Хртар, Вишеград, Археолошки лексикон Босне и Херцеговине, Том III, Земаљски музе Босне и Херцеговине, Сарајево 1988. година, 99. стр.; Марко Поповић, Утврђења Земље Павловића, „Земља Павловића. Средњи вијек и период турске владавине”, Зборник радова са научног скупа, Рогатица, 27-29. јуна 2002. година, Академија наука и умјетности Републике Српске и Универзитет Српско Сарајево, Научни скупови 5, Одјељење друштвених наука 7, Бања Лука – Српско Сарајево 2003. година, 98. стр.; Репортажа: Стари град Хртар на Дрини.
  3. М. Поповић, Утврђења Земље Павловића, 97-98. стр.
  4. Хазим Шабановић, Босански пашалук – Постанак и управна пођела, Свјетлост, Сарајево 1982. година, 131. стр.

Види уште[уреди | уреди извор]

Литература[уреди | уреди извор]

  • Павле Анђелић, Хртар, Вишеград, Археолошки лексикон Босне и Херцеговине, Том III, Земаљски музе Босне и Херцеговине, Сарајево 1988. година, 99. стр.
  • Атанасовски, Вељан (1979). Пад Херцеговине. Београд: Историјски институт.CS1-одржување: ref=harv (link)
  • Марко Поповић, Утврђења Земље Павловића, „Земља Павловића. Средњи вијек и период турске владавине”, Зборник радова са научног скупа, Рогатица, 27-29. јуна 2002. година, Академија наука и умјетности Републике Српске и Универзитет Српско Сарајево, Научни скупови 5, Одјељење друштвених наука 7, Бања Лука – Српско Сарајево 2003. година
  • Šabanović, Hazim (1959). Bosanski pašaluk: Postanak i upravna podjela. Sarajevo: Naučno društvo Bosne i Hercegovine.CS1-одржување: ref=harv (link)

Надворешни врски[уреди | уреди извор]

Предлошка:Други пројекти